Утрово во пожар изгоре мајка и нејзиното три месечно бебе. Пожарот избувнал во 5 часот и 45 минути а пламените јазици до темел ја изгореа импровизираната куќарка сместена на ридот Чекоштина, Охрид, веднаш над бензиската пумпа Макпетрол. Пожарот бил забележан од страна на врабвотените во пумпата кои веднаш пријавиле во охридската против пожарна служба.„Со пријавувањето во противпожарната единица веднааш е интервенирано со 2 против пожарни возила и 8 пожарникари, пошто непристапен е теренот има растојание од местото на лоцирање на противпожарните возила до објектот кој што е импровизиран за…
Под мото „Проблематично екстерно оценување, потпиши се за да се прогласи за пилот“ младите активисти на Младинскиот образовен форум не запираат со барање поддршка од учениците и граѓаните, како екстерното тестирање би се прогласило за пилот проект. Координаторот на програмата, Бранкица Затаракоска, задоволна од одзивот на учениците, родителите но и на останатите граѓани. „На национално ниво собрани се над 17 000 потписи а во Струга се собрани околу 1500. Засега имаме добар одзив од граѓаните а има и такви кои се плашат да потпишат. Од Охрид се собрани околу 200 потписи иво текот на утрешнио…
Променливото време почна да создава проблеми. Дневните амбуланти преполни. Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на последиците од временските прилики, покачен крвен притисок, чести главоболки, стегање во градите информира Валентина Милошеска интернист од Општа болница Охрид.„Не се сите симптоми на срцево заболување, стресот исто така влијае, температурните промени влијаат но сепак ако имаат карактеристични симптоми болки и стегање во градите треба да побара помош“. Не е мал бројот на охриѓани, кои кога ќе почуствуваат здравствени тегоби, наместо првично да се јават кај матичните лека…
Некои од најзначајните културно-историски споменици и цркви во градов немаат соодветно осветлување, а дел од нив и воопшто не се осветлени. Според директорката на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека досега, од нивна страна било извршено осветлување на два археолошки локалитети и објекти и тоа црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ и Античкиот театар во времето кога се вршела неговата реконструкција и реставрација.
Освен нив, осветлување имаат уште и Самоиловите тврдини и црквата Свети Јован Богослов-Канео, но според директорката Бунташеска, треба да се направи мно…
Централниот регистар денеска преку допис до медиумите информира дека допнел одлука да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25ти март 2021 година до 24 часот. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови, велат од централен регистар и додаваат дека Одлуката за пролонг…
17 годишниот охридски, средношколец Никола Грунчевски е најмладиот член на македонската репрезентација на математичари. Грунчевски за една недела со репрезентацијата треба да отпатува на светската Олимпијада во Колумбија, Латинска Америка. Трошоците за патувањето и визата се во висина од околу 2000 евра и треба да ги покрие неговото семејство. Грунчевски штотуку се врати од натпреварот на Балканската Олимпијада во Кипар и тоа со бронзена медалја каде што се натпреваруваше под боите на македонското знаме, но без финасиска поддршка од државата. Никола и неговото семејство се обратиле за по…
Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека сто дена се доволен период да се направи една рамка на активностите на локалната самоуправа, која понатака треба да се надоградува и разработува.Бакрачески потенцираше дека со неговото доаѓање на чело на општина Охрид, локалната отпочна нов начин на управување и функционирање, со проекти како што кажа претходно преставени во изборната Програма.
Градоначалникот призна дека финансиските обврски на општината кои достигаат околу 32 милиони евра, неорганизирана и неефикасна администрација, 428 судски спорови за неподмирени обврски и блокирана жиро сме…
Младите охридски ротаријанци во посета на Норвешка. Претставниците на „Ротаракт клубот“ од Охрид заедно со други учесници од балканските земји и студенти од САД, во Лилехамер, учествуваа на летна дијалог академија, организирана од Стајнер Брун во неговата “Нансен Академија”. Инаку Стајнер Брун заедно со неговата академија во 2009 година беше номиниран за Нобелова награда за мир. Станува збор за семинари и средби помеѓу луѓето од поствоените балкански територи на кои тие може директно да се соочат, со единствена цел – да се воспостави дијалог преку кој секој ќе може да ја каже приказната …