Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централниот регистар денеска преку допис до медиумите информира дека допнел одлука да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25ти март 2021 година до 24 часот.

 |   | 

Централниот регистар денеска преку допис до медиумите информира дека допнел одлука да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25ти март 2021 година до 24 часот. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови, велат од централен регистар и додаваат дека Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.  Иако заклучно со вчерашниот ден 11ти март над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак од Централен регистар како сервисно ориентирана институција велат дека секогаш се спремни да одговорат на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top