Јул 26, 2013

Започна професионалниот турнир во одбојка на песок

Рекреативните и јуниорските натпревари na oтвореното првенство во одбојка на песок Охрид 2013 кои започнаа вчера беа само увертира на професионалниот турнир кој ќе се оджува од денеска до недела, на плажата Бафало во Охрид.На турнирот пријавени се 12 тимови од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. На бафало  на традиционалниот турнир во одбојка на песок,  денеска присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески.  Тој потенцираше дека оваа манифестација  е еден дел од програмските активности  на кои локалната ќе  даде силна поддршка. „Преку мотивирање на натпреварувачки дух сакаме да ги …

Јул 26, 2013

50 години од катастрофалниот земјотрес кој го разурна Скопје

Беше мугра. Одеднаш се слушна силно мјаукање на мачки, лаеж на кучиња, а страотни крикови на животни се слушаа дури и од Зоолошката градина. Јата птици во хаотичен лет одлетаа од покривите…На улицата се појави наезда на стаорци кои бегаа од подрумите на сите страни. Веднаш потоа завладеа страшна, злокобна тишина. А по неа, силен татнеж. Облак од густ прав ја покри улицата. Кога правот се сталожи, видов дека се е претворено во пепел.” Ова е само едно од сведоштвата за катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година. А по земјотресот од сите страни почна да доаѓа помош. Меѓу прв…

Мар 16, 2021

20 прекршувања на забраната за движење, 417 санкции за неносење маска

Од 22 часот (15.03.2021) до 05 часот (16.03.2021) констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (15/16.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Јул 25, 2013

11 медали за охридските карате мајстори од „Шидокан“

Високи почести и огромен успех на карате мајсторите од охридскиот карате-до клуб „Шидокан“. Овие супер-талентирани момци буквално собраа повеќе од половината медали доделени на светското првенство во карате на интернационалната јапонска карате асоцијација. На ова првенство кое се одржуваше во соседна Бугарија од 18 до 21 јули, нашите момци беа вистински хит.„Напорно се подготвувавме за ова првенство, темелно се подготвивме, очекувавме 5-6 медали, но ете децата од клубот ги надминаа очекувањата и успеавме да освоиме 11 медали. Еден светски шампион, три вицешампиони и седум бронзени медали.“-…

Јул 25, 2013

Брзата помош со превентивна акција против топлотниот бран

Најавите за топлотен бран и наглиот пораст на температурите ги алармираа надлежните. По препорака на Министерството за здравство, од денес па се до завршувањето на препораката, во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај градската кружна фонтана, екипа на Брзата помош од Охрид ќе ја спроведува акцијата „Здравје за сите“.„Секој ден од денеснатаму ќе има акција „Здравје за сите“ во која што ќе бидат мерени притисоци, и евентуални прегледи по потреба, гликемија и други совети за граѓаните, за пациентите кои што ќе бидат на лице место за совети или било каква друга потр…

Јул 25, 2013

Отчет за првите 100 дена на градоначалникот Трајкоски

Отчет за првите 100 дена на Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца. Изминатиов период направивме драстични измени во работењето на општина Дебрца, изјави Трајкоски. Додаде дека одговорно се посветиле на мештаните на Дебрца, ги сослушале нивните забелешки, сугестии и проблеми и успеале за прв пат да воведат веб страна на општина Дебрца со цел воспоставување на подобра комуникација и побрз пристап до информации.„Голем императив претставува и средба со најмалите од ОУ на Дебрца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби реализиравме проект за и…

Јул 25, 2013

Проект на СВР -„заштита од кражби на плажите“

Самиот внимавај на својот паричник!, Сами заштитете се од кражби на плажа!, Не носете вредни предмети додека сте на плажа! Не оставајте ги без надзор и необезбедени вашите работи, особено ако сте во вода! Пријавете кражба на 192… се дел од преораките на СВР, кои во писмена форма од денеска почна да ги дели по охридските плажи. Овој проект на СВР „Превнција од кражби“опфаќа широк спектар на превентивни мерки кои полициските службеници заедно црвен крст ќе ги превземаат на терен во делот на едукација на граѓаните на Охрид туристите и воопшто јавноста за потребата од подигнување  на безбедно…

Јул 25, 2013

Научна и уметничка визита 2013 „Охридскиот чинар“ од уметник Славко Упевче

Охридскиот Чинар – сите негови возвишувања и падови пред охриѓани благодарение на уметничката четка на Охридскиот реномиран уметник Славко Упевче. Синоќа во Куќата на Уранија беше отворена изложбата Научна и уметничка визита 2013 „Охридскиот чинар“, во организација на академскиот сликар Упевче, Македонската академија на науките и уметностите и охридскиот книжевен и научен центар „Уранија“.„Изложени се 10 слики во периодот од околу 40 – 50 години, но бројот на слики со мотиви од Чинарот кои се низ целиот свет е уште поголем. Со оглед на близината на мојата куќа и моето атеље кои се веднаш до…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top