Брзата помош со превентивна акција против топлотниот бран

Екипи на Брзата помош од Охрид, ќе вршат бесплатни прегледи, ќе мерат притисок и делат совети на граѓаните како да се заштитат од високите температури.

 |  Мишел Наумоски  | 
toploten bran
топлотен бран

Најавите за топлотен бран и наглиот пораст на температурите ги алармираа надлежните. По препорака на Министерството за здравство, од денес па се до завршувањето на препораката, во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај градската кружна фонтана, екипа на Брзата помош од Охрид ќе ја спроведува акцијата „Здравје за сите“.

javna ceshma„Секој ден од денеснатаму ќе има акција „Здравје за сите“ во која што ќе бидат мерени притисоци, и евентуални прегледи по потреба, гликемија и други совети за граѓаните, за пациентите кои што ќе бидат на лице место за совети или било каква друга потреба.“-вели началникот на Брзата помош од Охрид, д-р Ацо Стојаноски.

д-р Стојаноски вели дека на оваа локација граѓаните ќе можат и да се информираат за топлотниот бран, но и за начините на заштита од високите температури. Сега засега, д-р Стојаноски вели дека бројот на интервенции на Брзата помош е очекуван за овој период од годината.

akcija Brza pomosh„Имаме нешто зголемување на бројот на пациенти, но не така драстично за овој период од годината. Има зголемување, но не така драстично. Тоа е одговор на тоа што е и помал бројот на туристи, досега, па понатаму ќе видиме како ќе биде. Има и поради температуриве, разликите, зголемување на температуриве, но повеќето се други редовни повици.“-рече д-р Стојаноски.

А за спас од високите температури, д-р Стојаноски вели дека важат стандардните препораки. Да не се излегува на сонце во периодот од 10 до 17 часот, ако нема потреба за тоа, да се консумираат доста течности, да се носи светла облека и заштита за главата.

Овие препораки особено важат за постарите лица, но и луѓето кои имаат срцево-белодробни заболувања и други хронични состојби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top