Сеп 2, 2013

Засадени дрвца и донирани книги од поранешни ученици од генерацијата 1948/49 од ОУ Григор Прличев

Зимзелени садници и донација на книги за училишната библиотека во ОУ „ Григор Прличев“  подарија група поранешни ученици од генерацијата 1948 /1949 година. Сега возрасни луѓе заедно се навратија на возбудата од првиот училишен ден, а се присетија и на нивните  учителки. Ружди Муфти раскажува за неговата  учителка Тинка Најденова, прекрасна жена,  која се грижела за сите свои ученици и всадила кај нив морални вредности, како што се меѓусебно пријателство и љубов кон постарите и училиштето. Потврда за тоа е неодaмнешната генерациска средба на 50 -тина ученици од ова училиште на која се собрал…

Сеп 2, 2013

Започнува Балканскиот шампионат во едрење….

Охрид домаќин на 46 тиот отворен балкански шампионат во едерење, „Охрид 2013“ . Шампипнатот кој е во организација на Едриличарската федерација на Македонија започнува утре и ќе трае до 8 ми септември. „Минатата година на балканијадата во Балаксиди Грција, ја добивме организацијата на  46 тата Балканијада. Се потрудивме со мали потешкотии  еве сме тука да кажеме дека од денеска до 8 ми септември ќе настапат репрезантациите на Турција, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и домаќинот Македонија“, истакна претседателот на едриличарска федерација на Македонија, Стефан Ставрев.Натпреварите запо…

Мар 19, 2021

Од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Авг 31, 2013

Неповолна година за охридските пчелари

  Променливите временски услови годинава неповолно се одразија врз пчеларството во нашиот регион. Богоја Петровски е пчелар со 20 годишно искуство  и оваа година ја отценува како една од послабите. Резултатите од пчеларството зависат од вложениот труд на пчеларот, оној кој вложува повеќе труд добива  и подобри резулатати. Пчеларите кои ги носат сандаците на паша поминуваат подобро од они кои сандациите ги имаат стационарано на едно место. За нив времето не беше наклонето па и приходите ќе бидат во насока на  покривање на трошоците, нагласува Петровски. Појаснува дека еден од поважните факто…

Авг 31, 2013

Невообичаени камени скулптури на плажата во Извиднички

Несекојдневно уметничко дело на плажата во извидничкиот камп. Деновиве охриѓани, и туристите кои се сместени во кампот, можат да уживаат и да се восхитуваат на една невообичаена глетка. Безброј камења, во различни големини и форми, наредени еден врз друг балансираат на брегот од езерото. Кога нашиот објектив ја улови оваа несекојдневна слика, најпрво помисливме дека овие скулптури се направени со лепење на камењата или дека се тие зацврстени на некој начин. Но на лице место се уверивме дека не е така, камењата едноставно се поставени еден врз друг, врзани единствено со силата на гравитација…

Авг 31, 2013

Охридското езеро порибено со сто илјади нови парчиња од ендемичната охридска пастрмка

Охридското езеро денес си доби нов подмладок од ендемичната охридска пастрмка. Вештачкиот мрест беше спроведен како координирана акција помеѓу јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и стопанскиот концесионер на езерото „Пастрмка 2012“, а во соработка и со подршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според концесионерот Ристе Танасоски, од „Пастрмка 2012“, нивото на собраната икра за вештачкиот мрест е добар индикатор за подобрувањето на бројноста на охридската пастрмка во Охридското езеро.„Денеска ќе биде порибено со 100.000 парчиња охридска пастрм…

Авг 31, 2013

Локалната подготвена за новата учебна година

Проблемите во охридските училишта испливаа на површина. Димитар Спасески, секретарот на општина Охрид на десетата седница на совет обелодени дека ниту едно училиште од градов не може да извади имотен лист бидејќи никој досега не се потрудил да ги евидентира во катастар како нивна сопственост. Тоа предизвикува низа проблеми, објасни Спасески при нивната реконструкција и санација бидејќи дел од нив веќе се влезени во програмата на Министерството за образование за 124 реконструкции на училишта низ државава. Најголем приоритет на Локалната е да ги реши натрупаните проблеми во образованието на ш…

Авг 30, 2013

Зелено светло за паралелките со помал број ученици

  Образованието, тема на десетата седница на Советот на Општина Охрид. Во очи на новаста школска година советниците продискутираа за проблемите кои ги мачат училиштата години наназад. Рак рана преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Најалармантна е состојбата во ЕМУЦ Св. Наум Охридски и Угостителското училиште Ванчо Питошевски. Денес се бараше согласност од советниците во овие училишта да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици.Според моите пресметки во оваа учебна година ќе се запишат дури 60 деца пом…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top