Адвокатските комори на Република Македонија и градот Кан од Франција денес потпишаа договор за меѓусебна соработка. Потпишувањето на овој договор за македонските адвокати, и адвокатите од Кан ќе значи и можност за размена на искуства, во повеќе различни области од правото, вклучително и во областа на човековите права.
Според претседателот на адвокатската комора на градот Кан, Робер Алери, овој договор претставува само рамка за сите идни активности чија содржина ќе се формира во зависност од желбите на адвокатите од двете земји.„Се разбира дека адвокатската комора од Кан ќе ги преземе сите м…
Од 22 часот (21.03.2021) до 05 часот (22.03.2021) констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (21/22.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 242 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Крводарителска акција „Охрид спасува животи“. Со цел обезбедување на што повеќе крвни единици за потребите на корисниците на здравствени услуги, Црвениот Крст во соработка со Локалната самоуправа на Охрид денес на градскиот плоштад ја спроведе оваа голема крводарителска акција. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, меѓу крводарителите.„Ваквите акции во иднина ќе бидат традиционални, затоа што Охрид како туристички град каде има голем прилив на луѓе однадвор неможе често да ги планира единиците на крв кои што му се потребни но со ваквите акции ние овозможуваме со тие единици на крв …
По повод меѓународниот ден на таткото, 13ти септември, женскиот центар Бисера за учениците од основните училишта организираше литературен и ликовен конкурс на тема „Татко“. Конкурсот беше отворен од 25ти август, до 11ти септември.Најдобрите литературни и ликовни творби синоќа беа наградени на манифестацијата која се одржа во ОУ „Братство и Единство.На литературниот конкурс во одделенска настава:1. Ивана Недеска – IV одд. ОУ „Ванчо Николески“ П.Е Косел2. Сара Богданоска – V одд. ОУ „Кочо Рацин“Во предметна настава, најуспешни се покажаа учениците од ОУ „Братство и Единство“, а наградени беа…
Универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија, ги вкусија специјалитетите подготвени од кујната на факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Македонската национална кујна, без конкуренција со право може да се каже дека е извор на здравје и доколку се знае како да се подготви и сервира тоа е вистинско уживање за сите гурмани. Професор д-р Васко Цуцулески, истакнува дека конечно на трпезата вo факултетот сервиран е брендот на Македонија. „Точно е она што ние го подготвуваме, изворно од македонската национална кујна, преферираме, брендот го правиме то…
Еден милион евра треба да влезат во градов доколку бидат прифатени сите проекти со кои аплицираше Секторот ТЛЕР до различни фондации и институции од Европа и пошироко. Најголем дел од проектите се доставени до програмата за прекугранична соработка на ИПА фондовите и тоа во соработка со Р. Грција. Во четири проекти Општина Охрид се јавува како водечки партнер. Вкупната вредност на овие проекти се движи околу 550 000 евра, вели Горан Мицковски од ТЛЕР.Мицковски потенцира дека примарната функција на овој сектор е максимално искористување на можностите кои постојат за извлекување финансиски …
Кога знаеме дека полициските овластувања траат 24 часа на ден, а огромен е и бројот на ситуации кога полицаецот треба да донесе одлука за многу кратко време не ретки се случите кога доаѓа до конфликт помеѓу неговиот личен став и неговата професионалност. Гордана Јанкуловска Министерката за внатрешни работи на РМ истакна дека во таквите случаи на сила стапуваат законските и морални рамки во кои правата на одговорното лице и неговиот личен избор нема да дојдат во конфликт со она што е приоритет на државата во даден момент.„Бидејќи полициските службеници речиси без исклучок постапуваат во сит…
Денеска во Охрид беше отворена 5 -тата Меѓународна конференција „ИКТ Иновации 2013 “. Главна тема на денешната конференција ќе бидат иновациите во образованието, а денеска се зборуваше за отворени податоци. Токму за овој тип податоци министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Р М се залагаат веќе неколку години, со цел да му овозможи на приватниот сектор, да ги искористува податоците, што ги имаат државните институции со кои податоци, во Европската Унија обртот односно ДДВ во однос на економијата на ЕУ достигнува до 60 милијарди евра годишно.„Очекувам дека со п…