Крводарителска акција „Охрид спасува животи“

„Охрид спасува живот“, голема крводарителска акција на Црвениот крст во соработка со охридската локална самоуправа. Годинава оваа крводарителска акција беше вметната како хуман гест плус, во рамките на одбележувањето на светскиот ден на првата помош.

 |  Николоска Биљана  | 
krvodaritelska akcija
крводарителска акција

krvodaritelska akcijaКрводарителска акција „Охрид спасува животи“. Со цел обезбедување на што повеќе крвни единици за потребите на корисниците на здравствени услуги, Црвениот Крст во соработка со Локалната самоуправа на Охрид денес на градскиот плоштад ја спроведе оваа голема крводарителска акција. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, меѓу крводарителите.

„Ваквите акции во иднина ќе бидат традиционални, затоа што Охрид како туристички град каде има голем прилив на луѓе однадвор неможе често да ги планира единиците на крв кои што му се потребни но со ваквите акции ние овозможуваме со  тие единици на крв да ги има во изобилие така што медицинскиот ценртар во Охрид да може непречено да работи при сите интервенции кои што се потребни“.  

krvodaritelska akcijaГодинава одбележувањето на светскиот ден на првата помош,  со вклучување на Локалната самоуправа, доби поголема рамка во делот на хуманоста, вели Сашо Точков претседателот на Црвениот крст од Охрид.

„Сигурен сум дека оваа крводарителска акција ќе биде традиционална и секоја година во заедничка соработка со Локалнара самоуправа ќе успееме да ги анимираме сите охриѓани и на овој начин да ја покажат хуманоста“.

Додека се одвиваше крводарителската акција на сред бел ден на градскиот плоштад се случи физичка пресметка, која ја регистрира нашата камера. Сите притрчаа, а на повредените во пресметката веднаш им беше укажана прва помош брзо, квалитетно и професионално. За среќа пресметката беше дел од  сценарио на активистите на Црвениот Крст како активност во рамките на одбележувањето на светскиот ден на првата помош.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top