Сеп 24, 2013

Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип

Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со големи групи на луѓе, пр…

Сеп 24, 2013

Локалната ќе почне да ги обесштетува опожарените семејства

  Повеќето семејства чии домови настрадаа во пожари во периодот од 2012 и 2013 година досега не добиле општинска помош.  Помал износ во висина од околу 20.000 денари оштета добиле само две настрадани семејства, но таа сума ни одалеку  не била доволна за да ги обноват изгорените домови. Локалната самоуправа за да го реши овој проблем  побара поддршка од советниците да ја усвојат одлуката за  формирање  стручна Комисија која  ќе врши проценка на штетите. Согласно на таа одлука ќе се исплаќа оштета во висина  до 300.000 денари која и претходно била одредена како максимален износ за оштета, ука…

Мар 23, 2021

Ставен е во функција компјутерскиот томограф при ЈЗУ Општа Болница Охрид

После професионално сервисирање од страна на овластен сервисер, ставен е во функција компјутерскиот томограф при ЈЗУ Општа Болница Охрид. На задоволство од граѓаните на Охрид и пошироко, отсега непречено ќе може да се изведува компјутерска томографија, информираат од ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Сеп 23, 2013

Усвоени извештаите за работа на охридските јавни претпријатија за периодот април – јуни

На  обемниот Дневен ред советниците ги разледуваа и усвои  точките кои се однесуваа на Годишните програми за работа  на основните и  средните училишта за периодот  2013 /2014 година. Исто така, беа усвоени и Програмите за изведување на училишните екскурзии. Поголема дискусија советниците поведоа околку точките за Извешатите од работењето на 8-те јавни претпријатија за пеиродот од 1 април до 30 јуни.Советниците дадоа зелено светло за извештаите, но при тоа го кажаа своите видувања и предлози за финасиското работење и работата воопшто на некои претпријатија.  Советникот од редовитена СДСМ Том…

Сеп 24, 2013

Информатичкиот универзитет наместо да се дислоцира – се реновираше

Информатичкиот универзитет  „Св. Апостол Павле“ и оваа академска година останува на старата локација. Со цел просторот да ги задоволи потребите на студентите, изминатиов период универзитетот се реновираше и прошируваше. Ректорот на универзитетот проф. Д-р Нинослав Марина вели дека  новиот дел ќе ги задоволи потребите за блиска иднина, но додава дека на подолг период раководтвото размислислува за зголемување на капацитетите.„Процедурата со касарната е сеуште отворена и уште стои како опција и во наредниве месеци ќе ве известиме за динамиката околу новиот универзитетски кампус во бившата каса…

Сеп 23, 2013

Измени на цените на услугите на јавните претпријатија

Охридските советници иако ќе треба да почекаат на новите лаптоп компјутери до наредната седница, сепак и без нив единаесеттото издание на седницата на советот, помина во вжештена атмосфера. Дневниот ред од 85 точки беше за десет точки намален на барање на секретарот на Општината Димитар Спасески, a бурна дискусија се разви уште на самиот старт од седницата по првата точка која се однесуваше на давање согласност на Одлуката за утврдување висина на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид. Вршителот на должност директор на ЈП Градски Гробишта, Зоран Стефаноски истакна …

Сеп 23, 2013

Во Охрид отворено брачно советувалиште

Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството.  Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски. „Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира. Спроведени се обук…

Сеп 23, 2013

Институциите во борба против дискриминацијата

Претставници од полицијата, локалната самоуправа, училиштата како и институции од здравството, преку работилница на Министерството за труд и социјална политика, ќе ги зајакнуваат институционалните капацитети за борба против дискриминацијата. Министерот за труд и социјала, Диме Спасов истакна дека на патот на Република Македонија кон ЕУ, клучно е обезбедувањето на еднакви можности за сите и недискриминација по било кој основ. Тој рече дека токму за таа цел се спроведува и работилницата насловена како „Зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против дискриминацијата“. Спасов пот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top