Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ”, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проектот: “Реконструкција на патниот правец село Злести-село Белчишта ( врска со регионален пат ) и изградба на обиколница околу село Злести”, како продолжение на патниот правец село Лешани-село Злести, во вкупна должина од 2121 метри.
Проектот е одобрен и на 10 Март преку Министерството за транспорт и врски е објавен вториот тендер за локални патишта, …
Во таа насока Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“во школските дворови на осум основни училишта од градов, од утре ќе започне со поставување на по три контејнери за селекција на отпад. Осум основни училишта од нашиов град од утре веќе ќе може да се пофалат дека вршат селекција на својот отпад. Ј.П.Охридски Комуналец во соработка со фирмата “Пакомак” -Скопје, на овие образовни институции ќе им подели по три контејнери во кои учениците ќе може самите да ја прават селекцијата. Елена Скрческа В.Д. Директорот на Ј.П. „Комуналец“ вели дека на овој начин нашата најмлада популација најдобро ќе…
Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити? Кој е кредиторот, што е договор за потрошувачки кредит, на што најчесто треба да внимаваат граѓаните, кој е рокот за откажување на кредитот и кои се надлежни институции кога конкретен потрошувач би се нашол со конкретен проблем и на кои може да се обрат? Одговорите на овие прашања граѓаните од сега ќе можат да ги пронајдат во брошурата издадена од Организацијата на потрошувачи на Македонија, а подржана од министерството за економија. Од ОПМ велат дека брошурата е изработена според претставки на кои најмногу реагираат по…
Некои од најреномираните научници од областа на комуникациите, бежичните мрежи и мобилните системи, деновиве во Охрид ги разгледуваат најновите истражувања од областа на интернетот и бежичното поврзување на објекти во движење. Се работи за ВИНАМО проектот на Европската комисија кој ги поврзува научниците и нивните истражувања за една заедничка цел. „Работиме со летечки роботи, куадкоптери кои меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци и дистрибуираат видео податоци. Така да тоа беше еден вид мотив за овој предлог. Вчера дискутирав за едно поново истражување, проекти и резултатите од истр…
Кога станува збор за планирањето на нашите годишни одмори патувањето надвор од земјата секогаш треба да претставува задоволство. Но за жал, не е секогаш така. Често пати се случувало на граѓаните едно да им се нуди како туристички производ, а да добијат нешто сосема друго, ситуација која последниве години со појавата на голем број туристички агенции некако ни станува пракса. Маријана Лончар Велкова , претседателот на „ОПМ“, вели дека проблемите на кои потрошувачите најмногу се пожалиле оваа летна туристичка сезона не се ништо поразлични од минатите години, а на прво место сеуште се поплаки…
Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар, најавува претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Современиот пазар за кој граѓаните се изнаслушаа ветувања веќе десетина години наназад а беше дел од изборната програма на сите кандидати за градоначалници, конечно ќе се гради со преземањето на локалната влааст од страна на ВМРО ДПМНЕ, уверува Михаилов. Тој открива дека во тек е изработката на физибилити студијата, а деновиве ќе започне и тендерската постапка за да се одбере најдобрата понуда за изведувач. По се изгледа пазарот ќе се гради со јавно приватно…
Променети термините за изведување на ученичките екскурзии. Повеќето основни училишта ќе го променат планот за изведување на патувањата. Учениците од „ Христо Узунов“ традиционалните ексурзии наместо во мај ќе ги изведуваат кон крајот на септември или почетокот на октомври. Иницијативата произлезе од ова училиште, а таквото барање го образложува в. д. директорот Тони Симоноски.„ Причините што побаравме да се промени изведувањето на екскурзиите се повеќекратни. Во вториот дел од учебната година го имаме екстерното тестирање со голем број обврски за учениците и наставниците. Т…
На фејсбук страната на Општина Струга осамна решението за верификација на општинско основно музичко училиште, потпишано од министерката за труд и социјални работи Мила Царовска.
Уште во јуни месец минатата година на предлог на Министерството за образование, Владата даде позитивно мислење за отварање на Основно општинско музичко училиште во Струга.
Ова училиште планирано е да обезбеди основно музичко образование со тоа што ќе им овозможи на учениците да учат и да свират на музички инструменти. Наскоро ќе биде објавен и оглас за пријавување на ученици за учебната година 2021/2022 .
Инаку в…