Иднината на интернетот ни носи бежична поврзаност помеѓу објекти во движење

Вака велат некои од најреномираните научници од Европа кои деновиве токму во нашиот град ги разгледуваат можностите за бежично поврзување на објекти во движење.

 |  Мишел Наумоски  | 
wireless
бежичен интернет

Некои од најреномираните научници од областа на комуникациите, бежичните мрежи и мобилните системи, деновиве во Охрид ги разгледуваат најновите истражувања од областа на интернетот и бежичното поврзување на објекти во движење. Се работи за ВИНАМО проектот на Европската комисија кој ги поврзува научниците и нивните истражувања за една заедничка цел.

avtomobili wireless„Работиме со летечки роботи, куадкоптери кои меѓусебно комуницираат и разменуваат податоци и дистрибуираат видео податоци. Така да тоа беше еден вид мотив за овој предлог. Вчера дискутирав за едно поново истражување, проекти и резултатите од истражувањето кое во основа го правеа моите студенти. Тие работеа на истражувања за иднината на интернетот каде би имале повеќе и повеќе луѓе, објекти, направи кои се бежично поврзани, трајно комуницираат и се во постојано движење.“-рече професор д-р Торстен Браун од Универзитетот од Берн.

„Овде сме за ВИНАМО состанокот кој е состанок за еден европски проект каде се собираме со  цел да имаме плодна соработка со други партнери во рамките на еден проект. Мојата тема за истражување се бежичните сензори и придвижувањето на тие сензори низ околината, и досега видов доста убави презентации.“-смета проф.д-р Џо Верхевер од Универзитетот од Гент.

wireless bezbednosen sistemНо сите истражувања ќе биде многу потешко да се разберат ако го нема присуството на Пабло Чиечомски, сопственикот на стартап компанијата „Science Visual“ од Лозана-Швајцарија.

„Она што ние правиме е визуелизација на науката и научните процеси и за научниците за полесно да ги разберат сопствените пронајдоци, на подобар начин, тоа се вика екстракција на знаењето, а исто така правиме и симулација на науката пред пошироката јавност така да јавноста ги разбере сложените научни пронајдоци преку некој краток филм користејќи 3Д графика или некоја интересна музика и говор.“-вели Чиечомски.

Научниците кои се дел од ВИНАМО проектот велат дека се задоволни од успешноста на нивното целокупно истражување и резултатите од проектот. Токму поради тоа размислуваат и за идни соработки.

bezicno povrzani objekti vo dvizenje„Ова е нешто за што дискутиравме на овој состанок. Оваа тема дури ја ставивме на агендата за последниот сотанок. Во основа веруваме дека ќе има продолжение на овој проект. Тимот научници работеше многу. Ќе се издаде и книга на крајот од овој проект која ќе ги содржи резултатите од истражувањата па верувам дека ќе имаме во иднина можност повторно да соработуваме.“-изјави професор д-р Џовани Џианбене од Универзитетот од Сиена.

Една ваква можност, според ректорот на Универзитетот за информатични науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, Нинослав Марина е и новиот  проект  на Европската комисија „Хоризонт 2020“.Проектот тежи 80 милијарди евра а всушност ќе претставува еден вид продолжение на ВИНАМО проектот.

„Македонија се надевам дека како и во седмата рамковна програма ќе биде асоцијативна членка и се надевам и членка на ЕУ и со тоа би било возможно да учествуваме во тие програми така да ова е всушност подготовка за учество во тие програми каде нашиот универзитет ќе може да донесе научно-истражувачки проекти, финансирање и подршка на истите.“-рече проф.д-р Марина.

Инаку проектот ВИНАМО започна со реализација на крајот од 2009 година, а ќе заврши во Април 2014 година. Па којзнае, можеби иднината на бежичното поврзување на нашите автомобили со други објекти во движење е многу поблиску отколку што мислевме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top