Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид и годинава традиционално се вклучува во неделата во борба против гладта. Претседателот на клубот Иво Захариески истакна дека секоја хуманост, а посебно онаа кон ранливата категорија на луѓе е нешто што секој го исполнува. Тој вели дека во иднина ќе се трудат и повеќе да помагаат на луѓето кои имаат реални потреби од тоа. „Ова е шеста по ред акција во која се вклучуваме во светската недела. Инаку пакетите се составени по терк на светската здравствена организација и содржат комплет намирници неопходни за потребите на едно четири члено семејство за еден месе…
На НП „Галичица“ се налага потреба од изградба на пункт за одржување на патиштата. Тука се наоѓа највисокиот патен премин во Македонија на 1600 метри надморска височина. Територијата на патот опфаќа две општини, Охрид и Ресен. Во границите на паркот има 18 села, од кои 14 на охридска територија и 4 на ресенска. Од ЈП „Македонија пат“, Јован Митрески, раководителот на секцијата Охрид, признава дека условите за одржување на овој патен правец се исклучително тешки не само за зимското оддржување туку и воопшто. „Изобилува со мошне стрмни и несигурни делови од патот, нормално проектантите своевр…
Од планинснката спасителна служба со апел до граѓаните, со возила да не го минуваат превојот на Галичица, односно строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација.
За само неколку дена од службата одговориле на два повици за извлекување на заглавени возила, од кои едното дури и со погон на 4 тркала. Поради последните врнежи од снег и специфичните температурни услови, во моментов владеат можеби најнеповолни услови за пробивање низ снежната покривка, која на места од коловозот надминува 60 цм, а има и доста поголеми навеви, објаснуваат од службата.
Планинската С…
На охридското крајбрежје денес беа посадени неколку палми. Младите стебла се дел од 100-тината палми кои треба да бидат засадени на повеќе локации во Охрид. Стеблата ги посадија Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски. Градоначалникот Бакрачеси со оваа акција наговестува повеќе зеленило во градот. „ Со што сметаме дека е даден придонес за хортикултруно уредување и разубавување на централното градско подрачје. Ова е еден почеток кој во иднина со Македонски шуми ќе спроведуваме активности заедно со ЈП Комунално за хортикултурно уредување на градот…
Есента со сите нејзини бои и убавини прикажана во изработки од пластелин, лисја, овошје, зеленчук и што ли уште не. Дечињата од прво и трето одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес своите ремек дела ги изложија во училишните хоници. Тие преку нив ја покажаа својата креативност и фантазија.Идејата за ваквата изложба потекнала од вработените. Тие биле иницијатори првачињата да направат сликовници на тема есен. Наставничките заедно со учениците собирале суви лисја, шишарки и плодови од кои ги направиле несекојдневните изработки.Ваквата изложба која во ова училиште за прв пат е н…
Настрадаа лед диодите поставени на макетата на старата охридска куќа кај влезот на Охрид. Само после еден ден од нивното поставување непознат сторител ноќеска упаднал во паркот кај клучката на излезот од Охрид, го исклучил напојувањето, и украл дел од поставеното осветлување.Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите излегоа на терен и извршија увид на лице место. Ќе се трага по сторителот, вели Сашо Велјановки-советник за јавно осветлување.Штетата која е направена изнесува околу 20 000ден., вели Велјановски. Екипи на општина Охрид работат на санација на ош…
150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела.„Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“, Здружението „Добротољубие…
Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село, мечка со мало мече нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и главата.
Проф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената 6 часовна хируршка интервенција да го спасат животот на ловџијата. Како што информира Проф. д-р Мичуновиќ во болницата ловецот бил донесен во многу тешка с…