Трикилометарскиот пат кој води до селото Речица ископан на неколку места и оставен несаниран. Жителите на ова охридско село информираат дека прекопите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при поправка на службениот водовод на охридската фабрика кој во најголемиот дел минува точно под патот кој води до селото. Речани бараат што поскоро санирање на асфалтниот пат, за кој велат дека жестоко се бореле да го добијат пред повеќе од 15 години.„Да го санираат патот, да го донесат во првобитна состојба со крпење на дупките со асфалт, нормално тоа не е голем зафат, и во и…
Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.
Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.
Оваа недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18 000. Во претходното деноноќи…
Намалување на трошоците за одведување на отпад, предлагаат од ВМРО – НП. Денес на прес конференција оваа политичка партија предложи пилот проект за селектирање на отпад во домаќинствата. Како што кажа претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски, целта е да се намалат расходите на ЈП „Охридски Комуналец“ кое дневно прави огромни трошоци по основ километража на камионите кои секојдневно депонираат отпад на депонијата Буково.„Значи еден камион да појде до Буково и назад е пеесетина километри а денот имаме десетина до дванаесет такви камиони кои што одат така што километр…
Измените на Програмата за детска заштита за 2013 год., за култура, за образование за социјална заштита и за спорт ги разбрануваа страстите кај советниците. Советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски рече дека работењето на новата локална власт очигледно е недомаќинско бидејќи средствата кои беа наменети за реализација на овие програми сега се планира да се намалат дури за 600 000 евра. Со тоа многу важни ставки од овие програми ќе бидат избришани, додаде Станкоски.Станува збор за лоша проценка, односно планирање на буџетот. Во јуни беше донесена нова програма во која еден од капиталните проекти …
Двете точки од областа на урбанизмот кои беа повлечени на 12тата седница на совет а со кои се предвидува изградба на висококатници во централното градско подрачје никако да се најдат на дневен ред. Опозицијата која ја напушти таа седница во знак на подршка на Мирослав Шиповиќ, претседателот на ОО на СДСМ Центар, сега две заседавања на советот по ред ги бара овие точки.Ова покажува дека има несогласувања внатре во советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се искоординираат меѓе себе и затоа не ги ставаат овие точки на дневен ред, вели Јoне Станкоски, советникот од ВМРО НП.Координаторот…
Советниците го изгласаа ребалансот на буџетот на општина Охрид. Тој сега тежи околу 13 милиони евра иако во јуни со првиот ребаланс беше дополнет и планиран на 19 милиони и 500 илјади евра. Советниците дискутираа за тоа каде се потфрлило при проектирањето на буџетот.Oпозицијата побараа во иднина да се има поголема сериозност во однос на проектирањето на буџетот. Како несериозен зафат го потенцираа планиарното кредитно задолжување од 3 милиони и 300 евра на општината. Тие пари беа проектирани при ребалансот во месец јуни. Овие пари беа планирани со кредитно задолжување преку Министерството з…
Изградбата на новопроектираната улица „Јордан Мијалков“ кај локалитетот Бејбунар во Охрид ќе почека. Граѓаните кои што живеат на овој потег 4 години чекаат да се стави во функција оваа сообраќакница затоа што води кон локацијата каде што се градат станбни комплекси. Години наназад тие реагираа дека градежната механизација и камионите кои се движат кон градилиштата поминуваат по тесните улички буквално под нивните прозорци, создавајќи тесни грла во сообраќајот. Каде закочи изградбата на оваа улица? Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски убедува дека ништо не е закочено, напротив се работ…
Стапката на преваленца на ХИВ СИДАТА кај нас е ниска. Невладините организации заедно со институциите постојано се активни за преваленцата и понатака да се одржува на тоа ниво, укажува Сашо Мерџаноски од НВО „ Интер-етник проект Гостивар“. Повеќето НВО соработуваат со Министерството за здравство и работат на превцијата на ХИВ СИДА во соработка со здравствените установи , полицијата, затворите, насекаде каде што има ризични групи. Преваленцaта е ниска, но за да се одржува на тоа ниво мора да се работи и не смее да се остави стихијно бидејќи не сме многу далеку од земјите каде таа стапка е в…