Во центарот на охридското село Косел падна чинар врз возило марка Мерцедес. Возилото е речиси уништено. Искршените стакла од возилото и деловите од распуканите гранки од стеблото на чинарот сеуште не беа отстранети од местото каде се случи овој немил настан. Од сопственикот на возилото дознавме дека чинарот паднал вчера некаде околу 21 часот. Случајот бил пријавен во СВР Охрид. Направен бил увид и записник од страна на крим техника. Сопственикот најави дека ќе бара надомест на штета од Локалната самоуправа, бидејќи чинарот се наоѓал на јавна површина во сопственост на општината. Мештаните б…
Во малите раце е магијата за оздравување на болните другарчиња. Караванот „Прегратка на дар“ и годинава пристигна во Охрид. Овој пат го посети клонот „Билјана“, на детската градинка Јасна Ристеска. Малите вешти рачиња на децата од оваа градинка од длабочината на свото детското срце изработија кукли, со желби за оздравување на своите болни другарчиња. Денес нивните мали ремек дела ги предадоа на организаторите на овој проект, претставниците на Прегратка на дар, со што се приклучија кон големата акција која што се спреведува за новогодишните празници.„Децата од градинките да ги образовами и …
Претставниците на месните заедници од руралните средини, претставници од секторот за ТЛЕР, бизнис и невладиниот сектор, денес ги утврдуваа развојните приоритети за руралните средини.
Заеднички заклучок е дека без да бидат утврдени поединечните и заеднички развојни приоритети во овие подрачја, руралниот развој нема да може да се случи. Од инфраструктура, туризам и локален економски развој, здравство и социјала, земјоделство и сточарство. Ова се неколку од подрачјата во кои биле идентификувани предностите и слабостите, но претставниците од месните заедници најмногу реагираа на еден законски н…
Македонско – канадско искуство од областа на онко гинекологијата. Со цел подигнување на свесноста за превенција од рак на грлото на матката, врвен експерт од Канада, одржа предавање пред охридските доктори за значењето на раното откривање на овој тип заболување кај жената. Македонија се соочува со слаба покриеност на женската популација за ПАП тестовите, што како податок го изнесе д-р Лори Елит онколошки гинеколог од Канада. „Како што дознав значи од официјални извори е дека покриеноста на оние жени кои што треба да направат ПАП е само 15 %, зошто, затоа што има жена која што не треба да …
Сите 266 државни службеници кои се дел од општинската администрација ќе останат на работа. Ова го тврди Димитар Спасески, секретарот на општината, по објавата на новата систематизација на работни места. Иако општината е со пренатрупана државна администрација сегашното раководство ќе им даде шанса за работа на сите вработени, вели секретарот на Локалната самоуправа. Од систематизацијата, Локалната очекува поквалитетна работа на општинската администрација. „Ефектите за кои ме прашавте, очекувам да се многукратни. Прво за граѓаните за општина Охрид да добијат поквалитетни услуги, да доби…
Охридските хотели активно се подготвуваат да бидат добри домаќини за пречек на гостите кои решиле новогодишните празници да ги поминат во најатрактивниот туристички центар во земјава. Дел од нив имаат добар мотив за тоа, како што ни изјавија одговорните за продажба во дел од хотелите – постои голем интерес од страна на странските гости за пакет аранжманите кои им се понудени за време на новогодишните празници. „До сега имаме склучено договори со нашите партнери кои се наши долгогодишни соработници и се работи за партнери од Бугарија, Србија и за изненадување оваа година има голем интерес и…
Поради изведување на градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање, на улицата „15-ти Корпус“, на потегот пред градските гробишта на 01.04.2021 година (четврток) ќе има отежнат тек на целиот сообраќај, а можни се и повремени застои.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.
Повеќе гости од Австрија се очекуваат во Охрид и земјава од идната сезона. Ова е договорено на саемот во Ветманштат-Австрија каде што е потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен”. Посетата во Австрија се реализира на лична покана од Туристичката организација “ГЕРГГ Рајзен” до градоначалникот Бакрачески. Австриските туристи кои досега на Балканот доѓаа преку кружни тури, покажале особен интерес за посета само на Охрид и Македонија, кажува Бакрачески. „ Она што е важно за нас е тоа што тие пројавија желба да направиме тура која ќе се …