Охриѓани сакаат да патуваат за новогодишните празници надвор од својот град. Навики за патување за време на празниците имаат, но традиционално чекаат да изберат дестинација во последен момент, напоменува Елида Битрак од ТА „Елида тур“с.„ Мислам дека поголем е интересот за патување за новогодишните празници отколку за божиќните празници. Тие ги сметаат како семејни и сакаат да останат дома со своето семејство“. Празниците се спојуваат и со зимскиот одмор. Охриѓани најчесто избират како најповолни дестинации за зимски одмор во Боровец и Банско. Секако на изборот за празнични патувања вл…
Новогодишната атмосфера во Охрид ќе се подгрева со 6 продажни пулта на градскиот плоштад. Од локалната самоуправа информираат дека штандовите ќе бидат унифицирани и ќе бидат изненадување за охриѓани и гостите. На штандовите ќе се продаваат храна и пијалоци, но од локалната не откриваат каков вид на храна и пијалоци ќе може да се продаваат на отворено. Дали охриѓани и гостите во празничните вечери ќе се затоплуваат со варено вино и сладат со колачи со цимет или ќе јадат крофни, ќебапи и сендвичи залиени со кока кола останува да видиме за една недела.
Унифицираните тезги на плоштадот ќе…
Во Агенцијата за јавни службеници тече конкурсот за прием на 4 профили за потребите на детската градинка „ Јасна Ристеска“. Работно ангажирани ќе бидат 3 воспитувачи и една негователка, информира директорката на градинката Роза Костоска. Овие вработувања се дел од планираните 300 на Министерството за труд и социјална политика за Македонија, од кои 9 беа предвидени да се реализираат во охридската градинка. Претходно кадарот бил надополнет со 5 вработувања преку владиниот проект со Македонски шуми и биле вработени негувателки, хигиеничарка, садомијачка и чувар – градинар. Овие вработув…
Одржана традиционалната изложба на родокрајните сликари со три деценски континуитет на уметници кои потекнуваат, работат или сликаат во Охрид. На изложбата се претставени 30 дела на 20 сликари, вели организаторот на изложбата при Центарот за култура академскиот сликар Славко Упевче.„ Можам да кажам дека од година в година има се повеќе учесници на изложбата. Ги покануваме сите кои завршиле соодветно образование, средно уметничко, виша педагошка или Академија на ликовни умтености со цел да се задржи квалитетот на изложбата со оформено образование.“На изложбата се застапени сликари од 15 д…
„Наместо политичка партија, која ќе има јасно дефинирана агенда и изграден став по одредени прашања, СДСМ од Охрид се претвора во класична малограѓанска групација со чаршиски пристап за одредени состојби.“- се вели во реакцијата од Локалната самоуправа на прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид.
Тоа што Градоначалникот Бакрачески и општина Охрид го прават во изминатите 7 месеци е подобрување на јавната инфраструктура и осовременување на јавниот простор, преку вклучување на општинските јавни претпријатија во нивната реализацијата. Нешто што беше апсолутно незамисливо во 8 годишниот мандат …
Четири климатизери донираше Нептун, еден од најголемите ланци на продавници за електроника во земјава. Донациите се наменти за детската градинка Јасна Ристеска и за трите основни учулишта, Григор Прличев, Климент Охродски и Христо Узунов. Нептун и прозиводителот на бела техника Беко донираат во повќе општини во земјава меѓу кои и во Охрид, информира Никола Крстаноски, раководител на Нептун.„ Донираме климатизери од марката Беко, еколошки, едни од најдобрите на пазрот. Во иднина што ќе има потреба тоа ќе донираме“. Роза Костоска , директорката на детската градинка е задоволна од донацијата. …
Туристичките работници и агенциите бараат владата да направи сите кои сакаат да дојдат во земјава оваа сезона да се чувствуваат безбедни а за оние кои ќе сакаат да патуваат надвор да се постигнат договори со земјите кои се најпосетувани. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од утре Македонија ќе започне со преговорите со сите свои соседи за протокот на туристи за време на летната сезона и меѓусебното признавање на ковид пасошите. Условите биле исполнети со започнувањето на масовната имунизација денеска во Македонија иако бројката на вакцинирани до почеток на летото во најмал…
Туризам во текот на целата година, осовременување на хотелите, инвестиции во туризмот, развој на конгресен, саемски туризам. Ова се само дел од плановите за економски развој на Охрид од програмата на новата политичка опција „Алијанса за позитивна Македонија“. Претседателот на оваа партија, Љупчо Зиков, сопственикот на економскиот магазин, „Капитал“ смета дека во Охрид, во изминатите 60 години се води погрешна туристичка политика. Според него, Охрид треба да биде врвен приоритет за државата.„Државата треба да го прогласи овој проект за државен проект. Секоја влада во иднина треба на Охрид да…