Се отстрануваат сувите дрвја, бршлени и трња низ шумскиот дел на охридското Кале. Се чисти на два потега, на делот од вториот чинар до Горна Порта и од Горна Порта до амбулантата Воска, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Дел од активностите се редовни, додека дел се спроведувааит по налог на Фондот за Комунален развој и се во соработка од Локалната самоуправа, вели Стефан Маслов – координатор на проекти од јавна хигиена во ЈП. Додава дека со оваа голема акција на пешаците ќе им биде овозможено непречено движење по патиштата а исто така и на возилата.„Охрид претставува репрезентативен г…
Општинскиот секретар Димитар Спасески оствари средба со неколкумина негови колеги кои порано ја остварувале функцијата секретар. На тој начин тој им одаде лично признани за нивната работа во општина Охрид, а како најмлад по години и стаж како секретар од средбата ќе ги примени нивните искуства и предизвици со кои тие се среќавале некогаш во нивната работа. Спасески одговори и на прашањето зошто дел од општинската админситарција се прераспределува во зградата на поранешната општина Косел. „ Деновиве гледам натписи дека тоа се прави како казна и тенденциозно, што јас го демантирам. Општин…
Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, даде отчет за сработеното во изминатата година. Тој уште еднаш ја потенцираше тешката финансиска состојба во која го затекнал ова јавно претпријатие, како и финансиските неправилности кои според Симоноски довеле до таквата ситуација во претпријатието.„Заради намалување на негативните ефекти од ваквото работење бевме принудени да воведиме сериозни реформи, како од аспект на кадровски и структурни прераспределби, така и од аспект на начинот на кој се извршувале работните активности. Изработени се правилници за работа, пра…
Градоначалникот Никола Бакрачески се осврна и на подготовките за празникот Богојавление. Кажа дека годинава се очекуваат најголем број гости кои ќе поминат повеќе денови во Охрид.
Како што пред неколку дена ТВМ објави дека за Водици ќе гостува големата балканска музичка звезда Жељко Јоксиомовиќ , Бакрачески ја потврди оваа информација. Концертот на Јоксимовиќ ќе се одржи на 17 јануари во салата Билјанини извори, а се планира гостување на народниот ансамб „Танец“ или хорот Злата Мегленска во Центар за култура. Настап ќе имаат и повеќе охридски групи или тајфи. Обелоденување на целосна…
Вакцинирањето според најавите ќе се одвива со руската вакцина „спутник В“ и тоа на пунктови во салата „Борис Трајковски“ во Карпош. Соопштено е дека се закажани термини за 3000 граѓани.
Според планот во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица кои работат во МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје, возачи на автобуси, пожарникари, вработени во Обвинителството и во судовите, паратините, воспитувачки во градинки.
Предвидено е вакцинацијата со 20.000 руски вакцини што ни ги донираше Србија, да се одвива на 48 пункта.
За спроведување на најавеното ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет до…
Општина Охрид за прв пат поднесе целосно изготвени проекти за добивање кредит од Светска Банка. Кредитот е во висина од 2 милиони евра. Парите ќе се наменети за асфалтирање на улици во градот и локалните патишта во руралните населби, изградба на водоводни мрежи и канализација, современи сообраќајни текови, реновирање на училишта и детски градинки, како и училишни спортски сали. Ова се само дел од проектите кои Локалната самоуправа ги планира да ги реализира во 2014 и 2015 година. Од општината се сигурни дека аплицираните проекти ќе им бидат одобрени за да добијат кредит, а средствата …
До месец мај годинава ќе се знае староста на најголемата водена површина во нашата земја, Охридското Езеро. Тогаш треба да бидат готови резултатите од реализираниот научен проект за утврдување на староста на езерото, проект кој беше реализиран од март до јуни 2013-та година, објаснува Проф.Д-р Сузана Патчева, директорката на ЈНУ „Хидробиолошки институт“ Охрид. Инаку проектот беше реализиран од страна на Институтот за геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, Германија, со поддршка на Хидробиолошкиот институт од Охрид и Министерството за образование и наука на Р. Македонија. Исти…
Неофицијално, но многу веројатно во Осломеј ќе биде изградена регионална депонија. Во Југоисточниот плански регион, кој опфаќа 9 општини, формирани се стручни служби и избран е претседател на регионалниот одбор за управуавње со отпад. Сите предуслови за користење на средствата од 3-тата компонента на ИПА се исполнети за да се отпочне реализацијата на овој проект, информира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на југозападниот плански регион. „ Следен чекор е изградба на регионален план за управуавње со отпад и сите натамошни процеси. Во југозападниот плански регион како пре…