Локалната самоправа се однесува крајно неодговорно, навредувачки и арогантно, игнорирајќи ги сите барања од страна на советниците да излезат со детали околу договорот што е потпишан за лизгалиштето, рече советникот од ЛДП, Дејан Блажески како реакција на вчерашниот прес на секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.Покрај неточните информации кои ги пласира локалната околу фирмата со која е склучен договорот неточни се и информациите дека во програмата за поставување на урбана опрема е изгласано поставувањето на лизгалиштето како урбана опрема, тврди Блажески. Имаме измени на дополнувањ…
Охридската општа болница доби опрема од австралиско – македонското друштво на лекари. Се работи за современ уред за полесно дијагностицирање на болестите на уво, нос и грло, а исто така и прегледите со помош на новата опрема треба да бидат побезболни, како што изјави др Ленка Беде. Таа појасни дека со новата опрема болницата оди чекор понапред и ги следи современите светски трендови во медицината.„Добивме еден софицистиран уред бинокуларна конвергентна оптика со која може многу прецизно да дијагностицираме, а исто така и да го опсервираме лекувањето после ординирана терапија или заздравувањ…
Семејни трагедии, колективно страдање, пандемијата не стивнува, напротив зема се поголем замав. Здравствените работници преморени и физички и психички. Една година на фронтот со најголемото зло на векот.Вирусот е непредвидлив во неколку часа се менува состојбата кај пациентите.
„Ваква лоша клиничка слика не сме виделе . Имам долгогодишен , децениски стаж, последните години работевме и со болни со САРС, но вакво нешто не сме виделе. Толку лоша клиничка слика, битка за здив, за трошка кислород. Градна болка, тешко дишење, повеќето болни се на кислород, застрашувачки е. Од момент во момент се…
Децата од сите објекти на градинките „Јасна Ристеска“ ја прославија Василица. Во дворот на градинката во централниот објект беше запален оган, се печеа колбавчиња, се делеа подроци, а маскираните деца весело пееја василичарски песни. На овој начин нивните воспитувачи од мали нозе им ја пренесуваат традицијата на славење Василица или Православна Нова година по јулијанскиот календар. Во семејството некои традиционалани вредности како да се подазборавени од кои прични не знаеме , но сакаме верата и моралните христијански вредности да ги доближиме до децата, напоменува директорката Розе Костос…
Секретарот на општината Димитар Спасески денес јавно му се обрати на советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во врска со обвинувањата упатени на негова адреса, а поврзани со поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад. Јас веќе стапив во контакт со мојот адвокат и против Блажески ќе поднесам пријава за клевета бидејќи ништо од неговите обвинувања каде се спомнува моето име не е точно, изјави Спасески.За оправданоста на воведувањето на ваквата анимациска содржина на плоштадот, вели Спасески доволно зборуваат бројките на посетеност на лизгалиштето од страна на граѓаните на Охрид…
Почна традиционалниот Вевчански карневал. Повеќе од 1000 василичари продефилираа низ сред село носејќи интересни маски. И овој пат карневалските маски беа инспирани од личности и настани кои ја одбележаа 2013 година. На карневалот беше присутен и Субрата Рој со својата тајфа, но секако само како маска. Имаше и други бројни интересни маски. Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва. Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги корени привлече бројни домашни и странски туристи кои беа пријатно изнендаени од карневалската манифестација…
Се е подготвено за големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ и Денот на рибарите . Годинашното славење ќе биде надополнето и со нови содржини кои ќе се реализираат во соработка со Локалната самоуправа, хотелско угостителскиот еснаф и бизнис заедницата. Прославата започнува со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар“Билјанини извори“ кој ќе се одржи во петок на 17-ти јануари. Билетот во предпродажба чини 300ден., а на врата 350ден. На 18-ти јануари во ЦК “Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот“Св. Злата Мегленска“ со почеток во 19 и…
Започна Курајчкиот карневал под маски. Забава со диџеи уште синоќа го означи почетокот на тридневната програма по повод Стара Нова година или Василица, додека официјалниот дел од карневалот започнува денес. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски, вели дека „Со или без маска, традицијата треба да продолжи.“„Традиционалниот дел на маскенбалот, карневалот, започнува вечерва во 18 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа брои секогаш околу 200 до 300 луѓе кои во 19 часот стартуваат од курајчкото сретсело и буквално ја посетуваат секоја куќа во селото, к…