Култура 365 во акцијата „Недела на книгата“ на охриѓани им го подарува романот „Децата на Марија“. Оваа книга е дел од творечкиот опус на познатиот струшки писател, Петко Шипинкаровски. Овој роман е второ четиво кое Шипинкаровски го напишал од областа на историјата.
Романот го обработува периодот околу Првата светска војна, а дејствието е сместено во Мариово, за време на протерувањето на македонското население од селата и неговиот егзодус во Мегленско, Тиквешко и Битолските краишта.„Децата на Марија е вистинска приказна за едно семејство, конкретно од едно од тие села, истерани, кои што се …
Интервентната кардиологија при Заводот за кардио васкуларни заболувања до јуни месец годинава ќе се пресели во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, Охрид. Директорот на Св Еразмо, Митко Тилев, вели дека зградата на постоечката карабина веќе се адаптира за тоа.„Моментално ќе се направи карабинскиот дел кој ќе се отстапи спрема плановите на Министерството за здравство на Кардиолошкиот Завод каде што ќе се работи инвазивната кардиологија а со тек на време и рехабилитацијата на пациентите ќе се води во нашата болница. Тоа ќе биде заеднички центар каде освен ортопедија…
Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани. Тие минатите години беа изземени од ваквиот вид тестирање бидејќи во јуни полагаат матура. Учениците за денешниот екстерен тест, како и за оној в петок имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Двата предмети по кои се тестираат, учениците ги дознаа пред два дена. Во средното училиште Ванчо Питошески тестирани се 102 ученици и тоа по македонски јазик, математика, менаџмент и бизнис, граѓанско образование и психологија.Се започна навреме во 9часот и 30 …
За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови.
За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од…
Охриѓанките кои очекуваат принова но и оние кои планираат проширување на семејството, покажале голема заинтересираност за бесплатниот курс на Црвениот крст за правилна грижа за новороденчињата. Ваков курс Црвениот крст организирал и пред три години, но велат дека курсот кој што сега го нудат е проширен и опфаќа повеќе области, а не само делот за правилно доење и правилна исхрана кај децата. „Овој пат го прошируваме, акцентот го ставаме повеќе на мајките и тоа како треба да се подготвуваат за време на нивната бременост. Понатаму сите оние фази кои што следуваат во бременоста, пораѓањето, как…
Во Робевци ќе блесне Златната соба чие отварање се одложува веќе седум години. Јавното изложување на златните археолошки екпонати од охридските локалитети се одлага иако е подготвено техничкото обезбедување. Сепак по безброј одлагања нејзиното отварање се највува за годинава. Презентирањето на досега пронајдените златни екпонати на охридските археолошки локалитети зависеше од печатењето на каталогот кој требаше да го изработи археологот Паско Кузман. Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска тврди дека златните експонати оваа година конечно ќе излезат на виделина од музејско…
Дали конечно ќе се реши проблемот со немањето јавни тоалети во стариот дел од градот? Од Локалната велат дека сериозно пристапиле кон изнаоѓање решение и веќе се работи на терен. Ќе се обновуваат некогашните јавни тоалети кај црквата Свети Богородица Перивлепта и кај Долни сарај. Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта ќе започне со градежни работи уште наредниов месец. Кај Перивлепта по се изгледа тоалетите ќе се градат одново бидејќи се стари и уништени, а кај Долни Сарај ќе се обновуваат.Сметаме дека овие локации се најпосетувани од туристите па затоа се одлучивме прво таму д…
НИСКОГРАДБА Охрид готви акционен план за враќање на долговите на претпријатието. Првиот човек на ЈП Сашо Донев обелоденува дека долгот на претпријатието е над 70 милиони денари што според него е голема сума на пари направена за краток временски период. Донев категоричен дека без финансиска инекција од Локалната самоуправа, претпријатието тешко дека може да застане на сопствени нозе, односно дека во моментов политиката на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески работи во интерес на сите ЈП од градов, вклучувајќи го и ЈП НИСКОГРАДБА.„Ова ЈП доцни само со една плата знач…