Јан 29, 2014

Локалната ќе спасува колку може повеќе од Студенчишкото блато

Локалната прави напори за придвижување на процесот за ревитализација на Студенчишкото блато. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова природно богатство уште пред триесетина години го загубило својот вистински лик, а во моментот претставува во најголем дел една депонија за градежен отпад. Бакрачески вели дека просторот кој ќе биде опфатен со проектот за ревитализација на блатото е направен во консултација со сите надлежни институции од областа на екологијата како и со претставници од Германската агенција за соработка која ја изработила студијата и проектот за ревитализација на блатото….

Јан 29, 2014

По 5000ден. за секое новородено охриѓанче

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Општата болница од Охрид. Општината на сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден. ГрадоначалникотБакрачески вели дека ова активност на општината е во контекст на заложбите на Владата на РМ за зголемување на наталитетот.Без наталитет нема здрава основа за развој на една држава или општина. Сите знаеме колку е важно зголемувањето на наталитетот за обезбедување сигурна иднина на една н…

Јан 29, 2014

Ќе се гради мал до среден ски центар на Галичица

  Општина Охрид сериозно пристапи кон реализација на идеата за изградба на ски центар на планината Галичица. Таа заедно со Владата на РМ во изминативе неколку месеци успеа да изнајде финансиски средства за изработка на физибилити студија за изводливост на градење на еден ваков центар кој истовремено ќе служи и за сместување на голем број гости во летниот период. Таа физибилити студија ја изведува една од најреномираните куќи за градење на скијачки центри, Елосам маунтајн рисорт планерс од Канада, а маркетингот го работел Хорати Хорват.Таа студија покажа дека е изводливо да се изгради ски це…

Јан 28, 2014

На верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на скулптурата „Фаќач на крст“

  В петок, на верскиот празник Свети Атанасиј ќе биде поставен камен темелникот на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Свечениот чин ќе се одржи во 12 часот, а споменикот ќе биде осветен од стана на свештеници на МПЦ  во присуство на сегашниот кум на Водици, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и донаторот Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора“ Инженеринг. Ова било договорено на средбата помеѓу донаторот на споменикот кој беше кум на Водици Охрид-2012, Ванчо Чифлиганец и главниот градежен инженер Стефан Орачески со претставни…

Јан 28, 2014

Отворени денови на Центарот за социјални грижи

Вратите на Центарот за социјална работа секој вторник и четврток ќе бидат ширум отворени за граѓаните. Овие се таканаречени отворени денови кога охриѓани можат да го посетат центарот и да разговараат со службите за се она што ги интересира околу остварување на некое нивно социјално право. Овај проект се спроведува со цел да се овозможи поголема достапност на информации и отвореност на Центарот кон граѓаните, а во функција на полесно остварување на одредени права и услуги.Ние очекуваме оваа активност да наиде на добар прием кај граѓаните. По потреба, за лицата кои што нема да можат да дојдат…

Јан 28, 2014

Рудник за манган ќе се отвара во општина Дебрца

Во општина Дебрца наскоро ќе стартува со работа рудник за ископ на манган.  Интензивно се работи на пробивање на пристапен пат до ископот на рудата над селото Врбјани.  Во првата година се планира да се експолатираат 60.000 тони руда за Скопска железара, информира градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во наредниот период ископот на руда ќе се зголеми за 4 пати повеќе од првата година, додава Трајкоски.  „ Во моментов работиме на отварање на рудник во Стогово кој ќе значи многу и за општината и за населението. Ќе се отвараат нови работни места со кои ќе се решат  егзистенцијални…

Апр 6, 2021

Хотам воведува попусти на туристичките аранжмани за српски туристи

Во престојната летна сезона Хотам најавува попусти на туристичките аранжмани за Српските туристи кои ќе летуваат на нашето крајбрежје. Од почетокот на сезоната па се до крајот на годината ќе има намалување на цените на туриситичките аранжмани од 10 до 20 проценти. Оваа најава е во знак на благодарност за бесплатната вакцинација од страна на Србија која ја овозможи за Македонската стопанска комора меѓу кои и за членките на Независната угостителска комора, информира Крсте Блажески, претседател на Хотам. Во таа насока, откако премиерот спомна бесплатна патарина за гостите од Србија, ние се при…

Јан 28, 2014

Потпишан договор за 4 важни регионални проекти

Југозападниот плански регион ќе добие 11  милиони 421 000 за конечна реализација на 4 проекти кои се однесуваат на одведување и третман на отпадни води. Денес и официјално Германското техничко друштво за меѓународна соработка и Југозападниот плански регион потпишаа договор за финансирање на 4 инфраструктурни регионални проекти. Станува збор за основни проекти и ревизија за пречистителна станица во Трпејца, за колектор од Калишта до Радожда, пречистителна станица во центар Жупа, како и изработка на анализа за полезност од изградба на систем за одведување отпадни води во Кичево. „Сите четири …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top