Апр 13, 2021

Прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид поради минирање на одредена локација

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата планински премин Пресека – село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Фев 19, 2014

За поздраво срце, планинарење на Галичица

Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвениот крст која се наоѓа кај месноста Липова ливада, на планината Галичица на висина од 1600м, со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000м, како Магаро или Лако Сигној.Во оваа физичка активност може да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина, како планинарски чевли, планинарски ране…

Фев 18, 2014

Локална: „За 9 месеци локалната сработи повеќе отколку СДСМ за 4 години“

Локалната самоуправа со остра реакција на обвинувањата на СДСМ искажани на денешната прес конференција. Во нивната реакција меѓу другото стои: „Иронично, тоа го прави СДСМ, чија локална власт во изминатите 8 години безмилосно ја масакрира иднината на охриѓани задолжувајќи ја општината за над 33 милиони евра и уништувајќи ја можноста од економски развој на Охрид. И кога на ОО на СДСМ ќе и се укаже со бројки и несоборливи факти за одредени ситуации или состојби, тие продолжуваат со паушални оценки и лесно читливи политички пораки со неупотреблива вредност. Тоа што СДСМ ја оставија општина Охр…

Фев 18, 2014

Езерото го загадуваат фекалии кои години наназад се влеваат во реката Сушица

Жителите од населбата Радојца Новичиќ веќе дваесет години се борат со еден ист проблем. Во реката Сушица која минува низ ова место се влева канализациона цевка која ја загадува водата, но шири и непријатана миризба која на моменти е неподнослива.Фекалиите од Застава се влеваат овде. Од таму доаѓа ужасна реа, жива болест, вели Јонче Тололески-жител на Радојца Новичиќ.Загрижените граѓани реагирале до инспекциските служби во Локалната самоуправа, од каде излегле на терен. Според кажувањата на граѓаните резултатите од претходните инспекциски контроли покажале дека водата е хемиски и микробиолош…

Фев 18, 2014

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ да не ја заморува јавноста

СДСМ ја заморува јавноста со пресовите на кои ги објаснуваат активностите и заложбите на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, обвинуваат од владејачката партија. Наспроти тоа, на јавноста добро и е познато кој работи, истакна гласноговорникот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Митровиќ. Тој на охридските социјалдемократи им порача, доколку сакаат да разговараат во интерес на граѓаните на Охрид, да се изјаснат за економските потези на Владата на ВМРО – ДПМНЕ.„Нека нека се изјасни дали зголемувањето на  платите на вработените е за нив добар економски потег и во интерес на сите граѓани вклучувајќи ги и граѓаните…

Фев 18, 2014

Охриѓани годинава двојно поажурни во поднесувањето на годишните даночни пријави

Даночните обврзници од градов, годинава посериозно си ја сфатиле обврската за поднесување на годишните даночни пријави. Досега во подрачните канцеларии на Управата за јавни приходи во Охрид биле доставени 972 даночни пријави, додека во Дебрца, 45. Само за споредба во истиов период лани, биле доставени двојно помалку годишни даночни пријави, и тоа само 450. Инаку станува збор за вкупно некаде околу 5400 даночни обврзници кои оствариле некаков приход во изминатата година по некој од основите наведени во годишната даночна пријава.  Од регионалната канцеларија на УЈП во Битола, велат дека по сл…

Фев 18, 2014

О.О на СДСМ: „Отчетот на Бакрачески-партиски памфлет“

Општинската организација на СДСМ, отчетот на градоначалникот Бакрачески го оквалификува како партиски памфлет за она што не чинело во минатото. На денешната прес конференција тие упатија остри критики околу содржината на презентираниот извештај на градоначалникот, за кој од СДСМ велат дека бил побаран пред два месеци, а презентиран дури сега и тоа поради жестокиот притисок од опозицијата.„Она што веднаш паѓа в очи е првиот и најдолгиот дел од извештајот – сирова и субјективна партиска критика на поранешната локална власт – нешто што го слушаме по којзнае кој пат, бидејќи еве веќе цели 10 ме…

Апр 9, 2021

Домашните туристи многу ретко ангажираат туристички водичи за разглед на Охрид и околинатa

Македонските туристи кога доаѓаат во посета на Охрид мислат дека знаат се за градот и околината. Во многу ретки случи ангажираат туристички водич за разглед на културно историските знаменитости , вели Љупчо Стојкоски Лепи, туристички работник. Додава дека тоа не е случај само со домашните туристи туку и со охриѓани. Стојкоски ја споменува Мечкина дупка на Галичица и се прашува колку охриѓани знаат каде се наоѓа и дали некогаш ја посетиле. „Слободно можам да кажам дека и ние од Охрид не знаеме се за градот, Охридската околија, Езерото, Галичица. Туристите прашуваат за тури, но многу ретко. …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top