Локална: „За 9 месеци локалната сработи повеќе отколку СДСМ за 4 години“

Од Локалната велат дека Градоначалникот Бакрачески ќе продолжи по зацртаната програма како и дека таа ќе биде целосно спроведена во дело.

 |  Мишел Наумоски  | 
opstina ohrid
општина охрид

Локалната самоуправа со остра реакција на обвинувањата на СДСМ искажани на денешната прес конференција.

lokalna reakcijaВо нивната реакција меѓу другото стои: „Иронично, тоа го прави СДСМ, чија локална власт во изминатите 8 години безмилосно ја масакрира иднината на охриѓани задолжувајќи ја општината за над 33 милиони евра и уништувајќи ја можноста од економски развој на Охрид. И кога на ОО на СДСМ ќе и се укаже со бројки и несоборливи факти за одредени ситуации или состојби, тие продолжуваат со паушални оценки и лесно читливи политички пораки со неупотреблива вредност. Тоа што СДСМ ја оставија општина Охрид со два пати поголем долг од сите општини во Р.Македонија заедно, гледаме дека за нив не е некој посериозен проблем.“ Од локалната реагираат дека во периодот од Април до Декември 2013та година реализирале онолку проекти колку што СДСМ не успеале да реализираат во четири години. Понатаму во нивната реакција стои:

„Секоја содржина, секој проект и секое ангажирање, напоменато во Извештајот презентиран пред Советот на општина Охрид од страна на Градоначалникот Бакрачески, е издржан, поставен на законски основи, ги задоволува сите законски норми и процедури и претставува целосно финансиски и правно покриена активност. Нешто незамисливо во периодот на практикување на локалната власт на СДСМ, кога безаконието и самоволието беа основи на нивното функционирање.“ Од Локалната велат дека Градоначалникот Бакрачески ќе продолжи по зацртаната програма како и дека таа ќе биде целосно спроведена во дело.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top