Езерото го загадуваат фекалии кои години наназад се влеваат во реката Сушица

Фекалии години наназад се влеваат во реката Сушица. Жителите од населбата Радојца Новичиќ бараат да се реши овој проблем. Од Локалната сеуште детектираат од каде се влева канализацијата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
Sushica
Сушица

Жителите од населбата Радојца Новичиќ веќе дваесет години се борат со еден ист проблем. Во реката Сушица која минува низ ова место се влева канализациона цевка која ја загадува водата, но шири и непријатана миризба која на моменти е неподнослива.

Фекалиите од Застава се влеваат овде. Од таму доаѓа ужасна реа, жива болест, вели Јонче Тололески-жител на Радојца Новичиќ.канализација

Загрижените граѓани реагирале до инспекциските служби во Локалната самоуправа, од каде излегле на терен. Според кажувањата на граѓаните резултатите од претходните инспекциски контроли покажале дека водата е хемиски и микробиолошки загадена и тоа од погоните на А.Д. „АМАКС“.

Од Локалната велат  дека знаат за овој проблем, но не можат да утврдат кој е загадувачот.

Во текот на вчерашниот ден инспекцијата излезе на лице место и провери пет шахти кои ја колектираат водата од приватната компанија која ја наведуваат граѓаните и не е забележана вода, изјави Томе Џамтоски-портпаролот на Локалната самоуправа.

Џамтоски кажува дека претходните анализи на примероците од ова место покажале дека водата е од петта категорија. Тој рече дека најновите резултати треба да се добијат за неколку дена од што ќе се види какви материи има во водата. Портпаролот вети дека најсериозно ќе му се пристапи на овој проблем и ќе се најде загадувачот кој ќе биде санкциониран. Додаде дека тие како Локална се должни да го почитуваат Законот за заштита на животната средина а за таа цел во Општинскиот инспекторат има назначено инспектор за животна средина кој има задача да контролира и санкционира.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top