Фев 24, 2014

Бенефитот од унифицираните сувенирници

Пред неколку месеци Охрид доби унифицирани туристички сувенирници од кои едната е лоцирана кај стариот чинар ,другата на градското пристаниште а се очекува наскоро да биде отворена и третата продавница наспроти градската пошта.Министерката за култура Канческа-Милеска при отоворањето потенцира дека овие сувенирници имаат огромна важност за сите посетители и туристи бидејќи тука ќе можат да си купат автентичен сувенир кој го отсликува нашето богато културно наследство и сето она што го поседува нашата држава.Покрај економскиот бенефит овие сувенирници ќе допринесат и за дополнително промовира…

Апр 13, 2021

Откриени над стотина возачи кои возеле пребрзо на делниците Охрид-Скопје и Охрид- Св.Наум

Откриени над стотина возачи како возат со преголема брзина на сообраќајните делници Охрид – Скопје и Охрид – Св. Наум во полициски засилени контроли. Осумнаесет возачи на автомобили „летале“ со брзина дури со над 70 км на час над дозволената брзина. Пребрзо возеле и 104ца возачи со над 50 км на час над дозволената брзина за движење. Ова се резултатите од реализираните 295 контроли на МВР во засилените полициски контроли во сообраќајот на овие два сообраќајни правци. Несовесните возачи за прекршоците во сообраќајот се санкционирани, информира Тони Ангелоски, помошник на министерот за односи …

Фев 24, 2014

Кабелски оператор од Охрид заработи кривична пријава

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно правно лице и неговиот сопственик, 60- годишен охриѓанец.На 29-ти минатиот месец, кај правното лице-кабелска телевизија,  лоцирана во трговскиот центар “Охриѓанка“, пронајдени биле и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуирале и ставале на располагање на јавноста заштитени телевизиски канали…

Фев 24, 2014

Заложбите на УИНТ „Свети Апостол Павле“ од Охрид за концептот доживотно учење

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Центар за неформално образование Траголник од Скопје потпишаа Меморандум за соработка, што претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование и дава непроценлив придонес во осигурување на доживотното учење кое е основа за креирање на општество базирано на знаење.Оваа соработка оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното образование да се с…

Фев 24, 2014

За здраво срце, тура на Галичица

Преку 30 заљубеници во природата и планинарењето беа дел од рекреативната планинарска тура, која во организација на Црвен крст Охрид, а во рамките на одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања, се реализира на планината Галичица. Предводени од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, најмладите учесници на оваа планинарска тура се искачија на местото Лако Сигној 1980 мнв, а повозрасните беа дел од искачувањето на врвот Магаро 2250 мнв. Сите учесници, а особено младите уживаа во убавините на планината Галичица, но и покажаа храброст и…

Фев 24, 2014

(ОБНОВЕНО) Демне опасност од отворено разводно електрично орманче во нас. „Гоце Делчев“

Жителите на нас. „Гоце Делчев“ се жалат на опасноста која ги демне од отворено разводно орманче.Овој електричен објект, веќе неколку години е незаштитен, а жителите од оваа населба, информираат дека во неколку наврати реагирале до ЕВН Македонија, а исто така проблемот го актуелизирале во неколку наврати и преку медиумите. Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, не информираше дека до нив не е стигната досега никаква писмена реакција од страна на жителите од оваа населба. Колку е сериозна ситуацијата потврдува и фактот што овој објект се наоѓа на само десетина метри од детското игра…

Фев 22, 2014

Италијанци воодушевени од Охрид, направиле веб страна за промоција градот

Одвреме-навреме слушаме или гледаме по некој прилог за Охрид, прилог за туристичките потенцијали на земјава во некои повеќе или помалку познати туристички сајтови или веб страни за патувања. По некој мал осврт на нашиот туристички и природен бисер, по некој убав кажан збор за она кое знаеме дека вреди многу повеќе. Тоа, дека Охрид нуди многу повеќе, дека нашиот туристички бисер има потенцијали да биде таму некаде помеѓу најдобрите туристички дестинации, го препознале луѓето од Лотус Офичина, непрофитна организација која работи проекти од инкаминг туризам во Италија. Оваа група на млади фото…

Фев 22, 2014

Удрен камен-темелникот на автопатот Кичево-Охрид

Денес беа удрени темелите на новото и модерно автопатско решение Кичево-Охрид. Проект кој што подолго време беше најавуван, а Република Македонија го спроведува во соработка со владата на НР Кина. Претставници на Владата на Република Македонија, министри, пратеници како и градоначалниците на Охрид и Кичево, денес ја имаа можноста да посведочат на моментот на удирање на темелите на автопатот кој според премиерот Никола Груевски, но и според директорот на компанијата која ќе го гради, Сајнохидро корпорејшн лимитед е историски момент.„Денес, 22 Февруари, е голем ден, историски ден за овој дел …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top