На 18.02.2022 година околу 11 часот, на улицата „Кузман Јосифоски Питу” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.38) од Охрид врз В.Ѓ.(37), од Велгошти.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков, беше во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. На средбата, вработените го информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.
Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк.
Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.
Охридските лекари од примарното здрвство се приклучуваат кон протестите на еснафот во државата.
Доктор Љупчо Костоски, претседателот на приватните матични лекари од Охрид напомeнува дека неговите колеги ќе работат со итните пациенти.
Нашата хумана професија не ни дозволува да запреме со работа, но тоа не значи дека не треба да се почне процесот за решавање на проблемите во примарото здравство – изјави за ТВМ д-р Костоски.
Здравствените власти треба да го слушнат гласот на матичните лекари и да го спречат затворањето на амбулантите, бараат македонските лекари од примарното здр…
„Гладијаторите“ ќе ја пречекаат екипата на „Тинекс Пролет“ на домашен терен оваа сабота, 12-ти февруари во рамките на 20-тото коло во Супер лигата.
Натпреварот е со почеток од 18 часот, а ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“. Влезот за сите љубители на спортот и ракометот е слободен.
Во насока на транспарентно и отчетно работење, Секретарот на општина Охрид, Александар Китески на денешната средба со новинарите информира дека дел од директорите во охридските училишта именувани од претходната локална власт иако имаат сериозни претставки во своето работење не сакаат да ги напуштат раководните позиции.
Градоначалникот Кирил Пецаков, ниту замислува партизација на образовните институции ниту тоа му е предизвик. Но, од друга страна не можеме да дозволиме овие значајни институции да ги предводат луѓе за кои имаме сериозни индиции дека во определени случаи сериозно го прекрши…
По објавената сторија на социјалните мрежи за малата Наташа и нејзината мајка, водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашето опкружување, ЈП „Охридски Комуналец“ донираше огревно дрво на ова семејство.
Се надеваме дека оваа наша скромна помош ќе му помогне на ова семејство на кое за жал животот не им е благонаклонет. Живеат во субстандарни услови, во тешка материјална состојба, со тешки здравствени проблеми и во секојдневна борба со основните егзистенцијални потреби – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранет…
Новогодишните празници влеваат малку оптимизам во туристичкиот сектор. И покрај притисокот на пандемијата има интерес кај граѓаните за патување и прослави. Според тур операторите најмногу интерес за новогодишни аранжмани на брегот на Охридското езеро има од соседството Албанија, Косово, Црна Гора и Србија, кои традиционално се редовни во овој период од годината. За разлика од минатото пред пандемијата кога се бараше место повеќе, според ХОТАМ сега само 30% од хотелските капацитети се букирани.
Се надевам дека туристичките барања и резервации за Балканот ќе се зголемат дека ќе почнеме да …
Овој пат во понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се познати автори и книги, меѓу кои има и книга од македонски автор. “Бронзениот коњаник” од Паулина Сајмонс во издание на издавачката куќа Сакам Книги е во два дела; првиот дел од серијалот е со наслов “Ленинград”, а насловот на втората книга е “ Златната порта”. Неповторлива приказна за љубовта, војната и Русија. Ленинград, 1941 година. Проѕирниот самрак на белите ноќи и понатаму го чува златниот сјај на раскошот од минатите денови. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му пркосат на општото сивило…