Со пригодна свеченост, основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа патрониот празник.
Пред присутните свое обраќање имаше Љубица Ангелоска Кркачоска, директор на училиштето. Таа на најуспешните ученици им додели награди.
Богатата програма беше реализирана од страна на учениците на ова училиште, а на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град