Присутните се потсетија на неговите стихови со кои остави длабоки траги во литературата. Горди сме што достојно го носиме името на охридскиот великан и едуцираме квалитетни ученици кои тоа го потврдуваат со бројни успеси постигнати на општински, државни и меѓународни натпревари, истакна во обраќањето директорката на училиштето.
Општинското училиште Григор Прличев на достоен начин го одбележа името кое го носи на големиот литературен деец. Аманетот што ни го остави Григор Прличев е јасен, од овие школски врати да излегуваат способни и талентирани ученици кои ќе израснат во здрава младина, која ќе има свој став, истакна во обраќањето Ивана Махоска Шикалеска, в.д директор на училиштето.
„Секогаш ќе се стремиме да едуцираме уште многу Прличевци кои ќе бидат светла точка не само на нашето училиште, туку и на целата младина и ќе го прослават неговото име високо издигнувајќи ловорики во времето во кое ќе творат и делуваат, “ порача Маховска Шикалеска.
Годинава училиштето одбележува 190 години од раѓањето на Прличев, но и уште еден значаен јубилеј од неговото овенчување со ловоров венец и добивањето епитет втор Хомер.
„Оваа година одбележуваме уште еден јубилеј, 160 години од неговата афирмација на литературен план. Со поемата Сердарот, Прличев го освојува првото место на меѓународниот Хомер, а членовите во комисијата ќе изјават дека станува збор за творба, од која како со чудотворно длето секој стих светка како чист бисер“, кажа Махоска Шикалеска.
По повод одбележување на патронатот во ОУ беше поставен ловоров венец на бистата на големиот поет Григор Прличев. Беше одржана пригодна културно музичка програма на која настапија ученици од училиштето. Беа претставени и прочитани и првонаградените поетски творби на литературниот конкурс, односно ученичките Андреа Савиќ од предметна настава и Марија Вранишкоска од одделенска настава, на тема „Прличев – мој и твој Сердар“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град