Отстранети спомен плочите во Паркот на пријателството

Отстранети спомен плочите во Паркот на пријателството.

 |  Валентина Неловска  | 
park
park

Отстранети спомен плочите во Паркот на пријателството. Обележјата кои стоеа покрај  дрвцата посадени во знак на пријателство со збратимените градови на Охрид ги нема. Паркот на пријателството долго беше најавуван и осмислен да го оплемени просторот покрај шетачката патека кон Горица од претходната локална власт. Дали остранувањето на спомен плочите е случајно или намерно не знаеме. ТВМ побара одговор од актуелната локална власт што  се случува  со спомен обележјата на потегот покрај езерскиот брег. park

Портапролот на Локалната самоуправа, томе Џамтоски  кажува дека локалната самоуправа ќе го средува овој простор и  хортикултурно ќе го  оплеменува.

„ Тука влегува и паркот кон Горица познат како Парк на пријателство екипите од ЈП Комуналец знаат дека тука се повеќе од информативни табли се искршени и екипите од Комуналец го расчистуваат просторот. Во тек е распишување на тендер, јавен повик за наводнување на тој парк. Не сакаме само да го расчистиме, посадиме и да го оставиме на забот на времето“, напоменува Џамтоски.

Џамтоски не прецизира дали ќе се почитува претходното планско решение или ќе има некое сосема ново. Со претходното се предвидуваше на тој потег да бидат изградени мини спортски терени, мостиња и пунктови за освежување на шетачите.
park

„Да го оставиме тоа да го решат стручните служби на ЈП „Комуналец“ она што е руинирано ќе се отстрани и ќе има јавен повик за да се одржува зеленилото“, рече Џамтоски.     
 
Дрвцата во паркот на пријатеството беа засадени на 8 декември 2012 година на  патрониот празник на Охрид. Покрај секое дрвце стоеше обележје со натпис на повеќе збратимени градови, а требаше да симболизира   трајно пријателство и соработка.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top