Осломеј можна локација за изградба на регионална депонија.
Неофицијално, но многу веројатно во Осломеј ќе биде изградена регионална депонија. Во Југоисточниот плански регион, кој опфаќа 9 општини, формирани се стручни служби и избран е претседател на регионалниот одбор за управуавње со отпад. Сите предуслови за користење на средствата од 3-тата компонента на ИПА се исполнети за да се отпочне реализацијата на овој проект, информира Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на југозападниот плански регион.
„ Следен чекор е изградба на регионален план за управуавње со отпад и сите натамошни процеси. Во југозападниот плански регион како препорака од Владата е прифатена за регионална депонија локацијата на поранешниот рудник во Осломеј. Општина Кичево работи на подигање на свеста и навикнување на населението на еден таков момент и тоа оди многу успешно.“
Заменик Министерот за животна средина, Стево Темелкоски за изградбата на регионалната депонија напоменува дека пред нејзината изградба комуналните претријатија ќе претрпат извесни реформи и трансформации, но треба да се направат и други плански подготовки потребни за обезбедување на други важни предуслови.
„ Интегрираното управување со отпад подразбира и изградба на модернизирана, стандиризирана регионална депонија каде ќе биде собиран отпадот. Во секој случај тоа подразбира и изградба на трансфер станици кои се многу значајни. Така отпадот во помал процент ќе доаѓа на депонија, и тоа оној што не се користи бидејќи 70 до 80 проценти од она што е отпад е секундарна суровина.“
Раководителот на секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина, Ана Каранфилова Мазневска појаснува дека изградбата на депонии не е едноставен и лесен проект.
„ Проблемите се гледаат во недостаток на човечки ресурси и финансиски средства. За секој процес треба знаење, но и пари. Сега ни се на располагање средства од ИПА фондовите. Но, ни требаше период да ги исполниме условите за да може Европа да ни ги испорача тие пари и да се знае дека ќе ги искористиме за вистинската цел.“
Заменик министерот за животна средина Стево Темелекоски и претставниците од Центарот за југозападен плански регион, од ресорното министерство, од охридската Локална самоуправа и од Јавното претпријатие Комуналец денес ги разгледуваа владините заклучоци за решавање на проблемите со одлагање на отпадот во населбите Рача и Вапила. Заедно ги разгледаа сите предуслови за решавање на проблемот со мини депониите во руралните населени места.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град