• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги

Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги

 Вера Битракова Грозданова ја прими наградата за животно дело, а Повелби беа врачени и на Општа болница Охрид, д-р Мимоза Влаши Хиса и Проф. Рубин Земон. Церемонијата на доделување се одвиваше според строги здравствени ковид протоколи.

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги. Професор д-р Вера Битракова Грозданова ја прими наградата за животно дело. При тоа во своето кратко обраќање кажа дека наградата не е само чест туку подарок за многу години поминати во истражување на минатото на Охрид и околината, Струга и Преспа. Ова го чувствувам како Божји дар, рече проф. д-р Битракова Грозданова.

Св Климент не само што е патрон на градот и на Македонија, тој е во мислите на охриѓани. Со векови како една длабока традиција вкоренета во душите, прославите, црквите во молитвите. Дај боже да ни помогне Св. Климент, тие се чести узречици, кои ги зборуваат охриѓани и ја пренесуваат љубовта кон оваа личност, полна со доблести, која ни преставува пример како да живееме и да се однесуваме во животот и околината“.

Св.Климент во моето семејство, на Цветан Грозданов и Вера Битракова и синот Климент, особено се чуствуваше во сите овие 50- 60 години на професионално работење. Се проучуваше детално делото на Климент изразено преку црквите, фреските, иконите и историјата, врзано со сите личности кои во текот на вековите од 9 до 19 век ја инкорпорираа личноста Климент во своите мисли, искажувања уметнички, религиозни и духовни дела. Мислам и сакам, следните генерации да го продолажат длабокото почитување кон Св. Климент, кажа лауреатот на највисокото општинско признание.

„Она што горе денес се наоѓа на Плаошник е срцето и душата на Св Климент. И од ова место, во општина Охрид, дозволете да упатам една мала порака дајте тој простор и понатака да го проучуваме, дотеруваме и доградуваме и да наличи на ниво какво што заслужува Св Климент“.

Повелби за особени достигнувања Св. Климент Охридски им беа врачени и на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид, гинекологот, д-р Мимоза Влаши Хиса и Проф. д-р Рубин Земон. Церемонијата на доделување на највисоката општинска награда се одвиваше според строги здравствени ковид протоколи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top