Општина Дебрца ќе урбанизира десетина села

Општина Дебрца ќе урбанизира десетина села.

 |  Валентина Неловска  | 
ЛС Дебрца
ЛС Дебрца

Општина Дебрца ќе  урбанизира повеќе селски населби кои се без урбанистичка планска документација.  Обезбедени се 17 милиони денари од Ипард програмата и 3 милиони денари од сопствениот општински буџет. 20-те  милиони денари ќе бидат вложени во изработка на урбанистички планови кои треба да бидат готови за една година. На тој начин се планира да се урбанизираат селата Волино, Велмеј, Злести, Слатино, Горно и Долно Средорече, Климештани, Лактиње и Црвена вода. Недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува руралните средини во стопанскиот и туристичкиот  развој, потенцира градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

„ Практично не може да се даде одобрение за градба доколку некој сака да гради индивидуален или стопански објект. Не е спорно од страна на општината туку  од ЕВН не може да добие приклучок. Се соочуваат  и веќе изградени објекти кои немаат  прилкучок кон електричната мрежа,  ЕВН не дава струја додека не се заврши легализацијата на тој објект.“
Белчишта
Со новите законски измени престануваат да важат и веќе  постоечките урбанистички планови за селата Оровник, Горенци, Требеништа, Мешеишта, Ботун, Белчишта, Ново Село и Лешани. Од Локалната самоуправа Дебрца ќе прават напори да обезбедат уште дополнителни  20 милиони денари за да се урбанизараат целосно сите села во општината. Во селските населби изградените објекти се на земјоделски површини, а не на гардежни па со урбанзиацијата ќе може да се понудат  потенцијалите за развој на општината, нагласува градоначалникот Трајкоски.

„Конкретно со урбанистичките планови ќе се работи план за Слатино и Слатинско езеро со кои се предвидува сместувачките капацитети да се стават во функција на туризмот, но прво мора да има урбанистички план за да се изградат објекти. Ние имаме за развој на руралниот туризам што  да понудиме. Изготвуваме флаер за оваа сезона за да ги запознаеме туристите со понудата и да ги видат нашите знаменитости.“ 
Досега во Секторот за урбанизам  било поднесено само едно барање за изградба на индивидуален објект. Но, затоа секојдневно расте бројот на поднесените елаборати за легализација на дивоградбите. За одобрение чекаат 2300 предмети, а се легалзирани околу 200 објекти, укажува градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top