ОО на СДСМ одржа прес конфернција за состојбите во Општа болница Охрид.
ОО на СДСМ одржа прес конфернција за состојбите во Општа болница Охрид. При тоа кажаа дека охриѓанки се породуваат во Струга, а фамилијата печали пари во Охрид. Во измантиве две години во Охрид наталитетот паѓа, а во Струга се шири, ете така ВМРО ДПМНЕ води грижа за охриѓани, истакна претседателот на ОО СДСМ Наум Јованоски. И додаде дека парите и профитот им е пред граѓаните и здравјето на охриѓани.
„Играта се откри, заврши. Болницата ќе ја догради дедото на зетот, пратеникот и висок функционер на Вмро Дпмне, Александар Спасеноски. На наводна електронска аукција од Министерството за здравство е избрана фирмата на дедото на Спасеноски, ДОО „Виа“ од Вевчани на која ќе легнат 200 милиони денари. Ќе видиме дали ќе се заврши болницата за 8 месеци или ќе има пролонгирање и повторно ќе бидат потрошени милиони денари“, рече Јованоски.
На прес конференцијата на ОО кој беше пред Општа болница се појави и директорот Љубен Арнаудов кој се произнесе по упатените обвинувања. Арнаудов се осврна на изминатите случувања, но и на моменталниот тек на реконструкцијата. Нагласи дека реконструкцијата треба да заврши до ноември 2012 година. Даде и коментар за изборот на градежната фирма која го доби тендерот.
„ Ние сме во капитализам, сите гласавме за капитализам,и во капитализмот сите се рамноправни. Имаме јавен електронски тендер на кој можат да се јават сите заинтресирани и квалификувани луѓе да се јават. Кој ќе победи тој ќе го добие. Оној кој е способен да го издржи тој тендер и ќе го добие. Ние гледавме да има најниска цена и за таа цена да се добие највисок квалитет“, објасни Арнаудов.
Претседателот на ОО СДСМ Јованоски најави и покренување одговорност за работењето на болницата во изминатите 2 години.
„Груески и Тодоров повеќе не кријат дека градежните зафати на повеќе пати беа стопирани, што поради грешки на изведувачите, но не кажуваат кој ќе понесе одговорност за потрошените пари“, рече Јованоски.
На крај Јованоски му препорача на Арнаудов да го охрабрат премиерот Груески да излезе на јавна дебата со претседтелот на СДСМ Бранко Црвенкоски. На тој начин ќе разменат ставови за доброто на граѓаните, потенцираше Јованоски.
{loadposition content 9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град