Техничкиот министер за внатрешани работи информира дека има нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје. Одделот за Специјални полициски операции спречил 14 такви обиди без лекарска согласност.
Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешани работи инфромира за 14 нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа . Тие се обиделе да ги напуштат Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност и биле спречени од полицајците кои го обезбедувале реонот.
„Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено е непречен транспорт на пари до експозитурите на банките и банкоматите на кризното подрачје. Постојано се врши пренасочување на сообраќајот, пренасочени се 9 патни правци, а граѓаните редовно се информираат за состојбата на кризното подрачје“, рече Чулев.
Чулев информираше дека околу 180 полициски службеници и 65 припадници на Армијата го обезбедуваат кризното подрачје, со цел, да се спречи влез и излез од регионот од каде секојдневно има регистарција на нови случaи заболени од Covid 19.
„Дозволено е напуштање на кризното подрачје со лекарска согласност на две бремени жени. Инаку, во рамките на општина Дебар и Центар Жупа во моментот има околу 130 припадници на МВР, додека во периметарско обезбедување се 35 до 50 припадници на одделот за Специјални полициски операции.
Покрај припадниците од одделот за Специјални полициски операции на терен има и околу 65 припадници на Армијата, кои работат во делот на обезбедувањето и даваат асистенција на МВР, односно обезбедување на зелениот појас“, кажа Чулев.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град