Менталитетот на граѓаните се менува и се повеќе покажуваат интерес за купување електрични автомобили. Овие еколошки возила сеуште ги нема во продажба во нашите автосалони, но наскоро ќе бидат достапни и за Македонските возачи.
Во Охрид досега нема регистиран нити еден електричен автомобил. Регистрирани се само хибридни возила и тоа во многу мал број, едвај само десетина возила, информираат од охридското Автомото Здружение за технички преглед. Охриѓани засега не возат електрични автомобили ама покажуваат интерес за купување, вели Снежана Митреска менаџер од Автосланот „Инсаид ауто“ . Информира дека електричните автомобили досега ги немало во автосалоните во земјава, а на пазарот можеле да се купат само хибридни возила. Од оваа година автосалоните може да увезуваат и да продаваат и електрични возила. Митреска споделува зошто од охриѓани и Македонците нема поголема побарувачка за овие возила кои се повеќе се тренд во светот и во автомобилската индустрија.
„Кај нас луѓето не се доволно информирани што значи хибридно и елeктрично возила. Се уште практикуваат да возат возила на бензин и дизел. Но, електричните и хибридните автомобили полека се наметнуваат заради тоа што се еколошки и имаат ниска потрошувачка.“
Се очекува по увозот на електричните возила во Македонија да се знае и нивната продажна цена. Од досегашното искуство со продажба на хибридните возила Митреска смета дека висината на цената на електричните возила ќе биде прифатлива за стандардот на Македонците.
„Цените се достапни за хибридните почнуваат од 12.950 евра во зависност од видот на возилото и е пристапна цена за хибридно возило. Мислам кај нас е рано да се наметне кај луѓето да возат електрични и хибридни возила, но сигурно одиме напред“.
Во Автосалонот „Инсаид Ауто“, кој е застапник за хибридни и електрични возила за регионот, првите електични автомобили од марката Цитроен ќе пристигнат овој месец. И додека се очекуваат на авто пазарот возилата, охридската фабрика „Костал Македонија“, пак од минатата година започна со тест производство на полначи за електрични и хибридни возила – On Board Chargers – полупроизводи во автоиндустријата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град