Беа презентирани начините како да се аплицира и да се искористат средствата од оваа програма. На располагање се 60 милиони евра од Европската комисија и 25 посто од домашниот буџет за развој на мали бизниси.
Голем интерес пројавија охриѓани за начинот на аплицирање и користење на средствата од Ипард програмата. Тие се едуцираа на инфо денот кој се одржа во Охрид во организација на Телото за управување со ИПАРД фондовите од ресорното министерство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Главниот фокус беше ставен на мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4. октомври и ќе трае до 18. ноември 2019 година.
„Корисници на оваа мерка може да се правни и физички лица. Физичките лица треба да се регистрирани во угостителската дејност или како станоиздавачи, што е интересно за Охрид, а правните лица имаат единствено ограничување да се микро или мали претпријатија.Средните и големите не се прифатливи за оваа Програма, напоменува Игор Трошански од Министерството за земојоделие, шумарство и водостопанство.
На лицата кои сакаат да развиваат мал бизнис на располагање им се 60 милиони евра пари од Европската комисија и додадени 25 проценти од домашниот буџет, вели Трошански. Парите од фондовите може да ги користат правни и физички лица за развој на бизниси од мал обем, а од повеќе области, информира Трошански од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство .
„Во општина Охрид и руралните места кои гравитираат кон општината, најголем интерес се пројавува за можности за инвестирање во руралниот туризам и угостителски дејности. Има заинтересирани за можности во пчеларството, инвестиции во услужни дејности во руралните средини. Некои се интересираат за изградба на старски домови“, набројува Трошански од бизнис идеите на заинтерсираните граѓани.
Покрај овие можности од програмата се достапни инвестиции во градба и реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и инсталирање на нови машини, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град