Охриѓани совесни плаќачи на данок на имот

Охрид, на трето место по наплата на данок на имот веднаш по општините Центар и Битола.

 |  Валентина Неловска  | 
ivana
ивана

Охрид, на трето место по наплата на данок на имот  веднаш  по општините Центар и Битола. Во општинската каса има зголемен приход од данокот на имот. Минатата година, од охриѓани и граѓаните кои имаат имот во Охрид, биле инкасирани во Локалната самоуправа 49 милиони денари. На контото завршиле 5 милиони денари повеќе од планираните 44 милиони денари вели раководителот на одделението за даноци, Иван Бандилова Несторовска. За само 5 години, од кога ова одделение ја презело обврската за наплата на данокот на имот од УЈП, приходот по овој основ се зголемил за 3 пати. Во  2006 година биле наплатени околу 14 милиони денари, а во 2011 бројката достигнала  44 милиони денари.

„Охриѓани се дисциплинирани и совесни плаќачи на данок на имот. Тоа се однесува и на останатите граѓани кои имаат имот на територија на општина Охрид , потенцира  раководителот на  одделението за даноци“, Ивана  Бандилова Несторовска.

opstinaГраѓаните и физичките лица плаќаат годишно по даночна ставка од 0,10 посто од утврдената пазарна вредност на недвижниот имот според  одлука на општинскиот совет. Минатата година само 20 проценти од граѓаните не го подмириле данокот на имот, вели Бандилова Несторовска. За сите неплаќачи следува присилна наплата ако не платат и по доставената опомена. Наплатата за физичките лица се спроведува преку трансакционите сметки, а за правните лица преку жиро  сметка. Потешко се одвива наплатата за физичките лица затоа што и потешко се доаѓа до нивните трансакциони сметки признаваат од одделенито за даноци. Граѓаните, пак кои не платиле данок по овој основ не сакат јавно да зборуваат зошто досега не ја подмириле обврската. Велат дека не ја одбиваатда платат туку само го ставаат на последно место приоритетот за плаќање на данокот на имот.

Граѓаните имаат свое оправдување. Велат финансиски се растргнати помеѓу се потенкиот семеен буџет, високите давачки по разни основи и стравот од судските извршители , па се одлучуваат да го одложат плаќањето на данокот за имот.     

ohridДанок на имот плаќаат и правните лица кои поседуваат хотели и фабрички хали без разлика дали објектите им се под клуч или не. Бандилова Несторовска кажува дека процентот за наплата е висок и кај нив. Одделението за даноци има и  Комисија за проценка и ревреднување на имотите кај правните лица и физичките лица.  Досега е направено  95 посто ревреднување на имототите на правните и 40 посто на физичките лица. Бројот на имотите во општина Охрид е голем па и процесот на ревреднување  и проценка е сеуште во тек, укажува раководителот на одделението за даноци, Ивана Бандилова Несторовска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top