Охриѓани се поретко купуваат големи станови

Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка.

 |  Валентина Неловска  | 
stanovi
stanovi

Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка. Драстично опаѓа продажбата на станови и куќи. Продажбата на недвижнсти  споредена со изминатите години е доста полоша, кажуваат агентите на недвижнсоти. Александар Трајковски од агенцијата за недвижности  „Енхелеја“ наведува повеќе причини за таквата состојба, но акцентот го става, сепак, на две кои се рефлектираат во  нивната дејност.  

„ Куповната моќ на  граѓаните е осетно намаленa. Taргет групите кои можe да купат стан во Охрид се македонци кои живета во странство, печалбари или луѓе кои живеат во Скопје и  Битола  и имаат поголема куповна моќ. Не паметам кога охриѓанец купил стан во мојава агенција ако не е искомпензиран,“ појаснува Трајкоски.

 OhridРеткост е да се продаде куќа на наши сограѓани за која купувачите  би требало да  издвојат од 500 до 800  евра за квадратeн метар во зависност од местополжбата и квалитетот на градбата, напоменува Трајкоски. Странците, пак  кои покажуваат интерес за купување  куќа во Охрид , се соочуваат со проблемот регулирање  на нивниот престој во земјава. Македонските граѓани, пак најчесто бараат да купа  помали станови.

„ Најголема побарувачка има за еднособните станови кои се движат од 700 до 900 евра за квадратен метар. Нив ги има се  помалку во строгиот центар на градот, се е премногу изградено. Додек а, пак слободна урбанизирана парцела во центарот скоро и да нема, а искрено и не паметам во мојата агенција  да се продала поголема и повредна куќа“, нагласува Трајкоски.

Агенциите со недвижности со години се соочуваат со уште еден проблем, а тоа е со нелојалната конкуренција во нивната дејност. Апелираме  до  институциите да се стави во законски рамки нашата дејност затоа што  недвижнoсти продаваат луѓе кои немаат лиценца за тоа, укажува Трајкоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top