Охриѓани повнимателни оваа зима, помалку скршеници здобиле од лизгање на мраз

Итната медицинска помош функционира без поголеми проблеми во овие зимски денови. Најмногу интервенции имале на повици од пациенти со кардиоваскуларни болести. За среќа, оваа зима забележуваат намалување на случаи со скршеници здобиени од лизгање на мраз.

 |  Валентина Неловска  | 

Непречено функционираат тимовите на Итната медицинска помош во овие зимски денови, информира д-р Љупка Николоска, раководител на Итната медицинска помош. Медицинските екипи од брза помош интервенирале на неколку сообраќајни несреќи кои се случиле во околината на Охрид и Дебрца во изминативе денови, згрижувале повредени како резултат на лизгање на мраз, пружиле помош и на повици од хронични болни. За среќа, кај охриѓани се забележува намалување на случаи со скршеници здобиени од лизгање на мраз оваа зима ама има повеќе повици од хроничните болни.

Има повеќе повици од луѓето со кардиоваскуларни заболувања. Кај тие болни делува ова студено време. Апелирам луѓето со вакви заболувања да избегнуваат прошетки надвор кога се минусни температурите.“

Снегот и ниските воздушни температури не се пречка екипите на брза помош да интервенираат во сите делови од градот, околината и Дебрца. Засега, поголеми проблеми нема, иако, понекогаш се соочуваат со тежок пристап со возилата до делови во повисоките приградски населби.

„Се трудиме. Имавме деновиве повик во Лакочереј, во непристапен терен, каде што моравме да одиме пеш. Персоналот е изложен и на тешки услови за работа“.

Граѓаните да бидат спокојни стигнуваме насекаде на секој повик во овие студени зимски денови, порачува раководителот на Итната медицинска помош. Д-р Љупка Николоска напоменува дека на располагање за соработка им е Планинската спасителна служба со нивните специјални возила за дејстување на непристапни терени доколку за тоа се јави потреба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top