Охриѓани и стружани излекувани од ковид 19 може да донораат конвалесцентна плазма

Во земјава има се поголем број на хумани донори. За потенцијалните  донори Институтот  организира акција за земање крвна плазма во местото на живеење или испраќа свое возило кое ќе ги земе и врати од Скопје.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските и струшките пациенти кои прележале Ковид 19, а сакаат да спасат нечиј живот со дарување крвна плазма може да се пријават во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и на трансфузиолошките центри низ државата, инфромира д-р мед. сци. супспецијалист Рада Грубовиќ Растворцева, раководител на Институтот. Секој ден имаме се поголем број на заразени со ковид 19, а крводрувањето на конвалесцентна плазма нема да им наштети на донорите, вели д-р Грубовиќ Растворцева

„Би ги поканила да се пријават во нашите трансфузиолошки центри. Најдобро е преку меил, тие доаѓаат директно до нас преку веб сајтот на институтот за трансфузиона медицина каде што постои посебна страна за конвалесцентна плазма и формулар. Ние имаме увид за исполнување на условите. Оставате генералии и телефон за контакт за договарање за да се олесни, за да не доаѓаат до Скопје, во некое од нашите трансфузиолошки служби за да се извршат дополнителните тестирања“, вели д-р Грубовиќ Растворцева.

Доколку ги исполнат условите за да се биде донор, во договор со потенцијалниот донор се договора дали да се земе крвна плазма во местото на живеење или ќе се обезбеди превоз со возило од Институтот за трансфузициона медицина во Скопје, кажува ракводителот на Институтот.

Ние не би сакале да ги изложиме донорите на финансиски трошоци.Тоа не е целта, ние така сме организирни преку нашите служби во другите градови, се контактираат нашите лекари, се пријавуваат во нашите служби.Но, треба да се соберат барем 5-6 донори за возилото сепак да не оди за еден двајца и да има бенефит целата работа“.

Досега има пријавено преку 300 луѓе , селектирани се 80, а 30 имаат даруваат ковалесцентна плазма. За да се донира крвна плазма, треба да се приложи доказ дека лицето било болно од Ковид-19 со два негативни тестови . Лицата да се на возраст од 18 до 60 години и да немаат симптоми најмалку 21 ден. Потоа се прави трет тест, а доколку е негативен се зема примерок на крв за тест на концентрација на антитела. Станува збор за една од методите за лекување на заболените од коронавирус со трансфузија на крвна плазма добиена од пациент кој претходно го победил вирусот. Антителата од крвта на оздравените пациенти, се внесуваат во телото на болно лице, кое така добива способност полесно да се справи со Ковид-19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top