Охриѓани денес ги чествуваа двата празници Св. Пантелејмон и Св. Климент

Охриѓани  денес ги чествуваа двата празници Св. Пантелејмон  и Св. Климент.

 |  Валентина Неловска  | 
Sv Kkiment
Sv KLiment

Охрид, денес со низа активности го одбележа денот  на неговиот патрон Св. Климент. Се одржа крводарителна акација, а претставници  на Локалната самоуправа утрово  присуствуваа на литургија во црквата на Плаошник.

Sv KlimentНа градскиот плоштад, пак, на споменикот на светителот Климент Охридски, заштитникот на градот,  беше положено свежо цвеќе.  Советници од Локалната самоуправа, предводени од претседателот на советот д-р Гордана Коњаноска, како и претставници од гимназијата и основното училиште кои го носат името на светецот, се поклонаа пред светителот и му одадоа достојна почит.

По тој повод д-р Гордана Коњаноска, истакна дека       „ Охрид со посебен пиетет го чевствува празникот на Св. Климент. Граѓаните се поклонуваат пред една од најзначајната личност која живеела на овие простори и оставила дела низ вековите тука и во Европа“.   

Голем беше и бројот на верниците, како на охриѓани така и на туристите,  кои го посетија црковниот храм на Плаошник. Верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Св. Климент како и да  присуствуваат на свечената литургија со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top