95 пациенти се болнички згрижени во Општа болница Охрид. Состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19 постојано се менува и во моментов има слободни болнички кревети. Директорот на охридската болница упатува апел до сограѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки.
95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде ставена во функција до крајот на оваа година или на почетокот од 2021 година.
„Од четврток општина Охрид т.е. јавните претпријатија треба да го припремаат теренот. Ние за среќа имаме павилионски тип на објекти и површината каде што ќе се постави модуларната болница е рамна. Струјата обезбедена треба да се обезбедат тампонирање и бетониорање на површината“.
Товарот на пандемијата го трпи целиот персонал на болницата. Во изминативе 9 месеци со над човечи напори се бориме за да го излекуваме секој пациент ,а секојдневно се соочуваме со секакви човечки судбини, напоменува д-р Балевски. Директорот на охридската болница упатува апел до граѓаните. Порачува да се почитуваат пропишаните мерки за заштитата од вирусот да нема групирање, да се држи растојание и да се носи заштитна маска.
„Совеста на граѓаните да биде на прво место. Посебно ако се позитивни не треба никој да ве казни сами да сте свесни дека сте на некој начин убиец кон вашите блиски, роднини, пријатели. Иако немате симптоми може да заразите некој повозрасен или некој кој не знае дека има други коморбидитети. Секој човек не е целосно испитан, има и млади луѓе кои не знаат многу за својата здравствена состојба“.
Охридските интернисти и инфектолози разменија искуства и нови методи во лекувањето кои се применуваат во Словенија. Охриѓанецот, интернист д-р Игор Балевски, кој долги години живее и работи во оваа земја, ги пренесе искуствата oд неговите словенечки колеги посебно кога станува збор за вклучување на антибиотиците и кортикостероидите во третманите на лекување на пациентите од ковид 19, информира директорот на охридската болница.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град