Мора да се заострат еколошките критериуми при увозот на пловила, кажува капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Капетанија работи на усогласување на нашата законска регулатива за внатрешна пловидба со европските закони.
Усогласување на домашната со европската регулатива за внатрешна пловидба е еден од најважните приоритети оваа година на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Секојдневно работиме на текстови и идеите кои треба да се имплментираат во Правилникот и Законот за да се доближиме до европските правила во пловидбата , вели Горан Устијаноски капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија.
„Огромен е проблемот со неприменливост на некои европски правила врз фактичката ситуација во која сега ние функционираме. Мора да има поголема прагматичност и да се решаваат работите повеќе со практицизам од колку со теорија,“ нагласува Устијаноски.
Праксата покажува дека постои потреба од низа од законски измени. Помеѓу, сериозните проблеми како што е безбедноста од употреба на педалинките, капетанот укажува и на поголема контрола при увозот на пловните објекти.
„Една од првите измени кои ќе настапат при увозот на пловни објекти е да се ограничи внесот на пловила според одредени критериуми како што се староста на пловните објекти и да се запазуваат еколошките стандарди. Доста Охридското Езеро претставува отпад за некои пловила“, вели Устијаноски.
Капетанот кажува дека во тек се разговори со Царинската управа за законската измена да се намали данокот при увоз на едрлиците, а да подлежат на царинење моторите за управување. Тоа би било во насока да се стимулираат наутичарите да пловат со едрлици, појаснува капетанот. Сепак, усогласувањето на законската регулатива, оваа година, ќе зависи од политичката ситуација во земјава со предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во април.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град