Охридските занаетчии ја прославија Василица

Охридските занаетчии ја прославија  Василица.

 |  Валентина Неловска  | 
vasilica

Новата Православна 2016  Година по јулијанскиот календар ја прославија и охридските занаетчии -сервисери на ТВ електроника.  Тие од  2001 година традиционално ја организираат прославата на Василица  кршејќи погача со паричка. 

vasilicaПред 16 година започнала оваа дружба која трае до денес и се проширува, раскажува охридскиот мајстор и познат тв  сервисер Љупчо Паункоски иницијторот на оваа традиција. Со ваквата дружба занаетчиите градат мост на колегијалност и соработка, наглaсува Паункоски. 
„ Оваа дружба помага заедно да контактираме и  да си помагаме меѓусебно. Да нема ривалство, сите сме зближени се консултираме за резервни делови. Сите  си помагаме и тоа е позитивно и за муштериите“ , напоменува Паункоски.

Кога пред 16 година започнале да се собираат на Василица биле  35 мина сервисери кои ја извлекувале  паричката, а денес  се околу 25 мина.  Од пред 5 години на прославата на Василица им се приклучиле и колеги од vasilicaсоседен Поградец, a  од лани имаат и  колеги од Струга. Паункоски оптимистички открива дали паричката која ќе се најде во погача  носи среќа.

„ Се надевам дека носи среќа. Таа е во личната  сатисфакција од животот и успехот во работата. Дали носи ли среќа ќе покаже времето,  ќе видиме каква  ќе биде годината“, вели со насмевка Паункоски.

Охридските, струшките и занаетчиите од соседен  Поградец  годинава Василица  ја прославија  во Албанија. Сервисерот Миле Нарди  од соседен Поградец  минатата година ја извлекол паричката  е стар кум кој  го организира  овогодишното прославување на Василица.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top