Охридските велосипедисти од Екодром најуспешни во земјава

Охридските велосипедисти од Екодром најуспешни во земјава.

 |  Валентина Неловска  | 
ekodorm
ekodrom

Охридските велосипедисти од „Екодром“ најуспешни во земјава. На  ранг листите  на македонскиот велосипедизам „Екодром“ е најуспешен во планински велосипедизам, четврт во друмскиот и шести во велокрос. Во планинскиот  велосипедизам екодромци освоија златни пехари во сите категории. Севкупно се освоени  8 пахари, 5 златни, 1 сребрен  и 2 бронзени. Во планински велосипедизам, клубскиот златен Пехар – Трофеј, во најелитната категорија Елит – Сениори, злато за Бленди Троци,  во категоријата У23 злато освои Христијан Николовски. Во јуниори злато за Јован Јованоски и кадети злато за Новица Велјаноски. Сребрен пехар во Јуниори освои  Петар Упевчески. Во друмски велосипедизам бронзениот пехар во рацете на Јован Јованоски и во Велокрос бронза за Петар Упевчески.
ekodrom
На изборот за „Наjдобар Велосипедист за 2013“,присуствуваа претставници  од велосипедскиот спорт, претседателот и секретарот на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за Млади и Спорт, Сојузот на Спортови на РМ, градоначалници, спонзори и помагатели. За велосипедиската федерација  2013 година беше плодна и успешна година. Севкупно беа организирани 36 велосипедски натпревари, се учествуваше  на 9 меѓународни натпревари, Балкански и Европски Шампионати,  Светски купови и завршница со Светските Шампионати во планински и друмски велосипедизам. Се постигнаа успеси и резултати какви што досега не се забележани во историјата на Македонскиот Велосипедизам.

Покрај охридските велосипедисти, златна плакета за посебен придонес, афирмација и развој на велоспедскиот спорт во Република Македонија  доби  општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески.

site pehari

Seniori

Kadeti

U23

Juniori

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top