• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските советница дадоа зелено светло за обештетувањата на земјоделците од уништените посеви

Охридските советница дадоа зелено светло за обештетувањата на земјоделците од уништените посеви

Охридските советница дадоа зелено светло за  обештетувањата на земјоделците од уништените посеви

 |  Валентина Неловска  | 
sovet

 

Земјоделските посеви на 109  индивидуални лица и едно деловно лице ќе бидат обештени од априлските мразеви кои предизвикаа големи штети кај земјоделските култури. За обештетувањето кое треба да го исплати Владата  советниците го изгласаа Елаборатот за  проценка на штети од елемнетрни непогоди на земјоделците од 25 април оваа година. Комисијата за проценки на штети од  елементарни непогоди утврдила  износ  од над 20 милиони денари, пари со кој ќе се надомести претрпената штета. Оваа точка иако беше единствена на дневен ред предизивика бурнии дискусии кои добија и политичка нота. Се слушнаа различни предлози и спротиставени видувања како да се заштитат  земјоделците и како  да се унапреди развојот на земјодeлието во општината, па се до тоа која влада подобро финансиски го поддржувала земјоделскиот развој.

sednicaСекретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кажа дека пристигнале голем број барања за обештетување што значи дека штетите од пролетните мразеви и слана биле големи. Тој истакна дека како ЛС се задоволни од владините мерки досега преземени во земјоделието. Како ЛС отвориле и канцеларија за стручна помош и поддршка на земјодлеците иако тоа не е нивна обврска.

„Таа канцеларија функционира повеќе од три години  и земјоделците добиваат насоки како д аго унапредат своето земјоделие. Охрид е ретка општина која сериозно посветува внимание на земјоделците иако нее директна директен предмет на интерс. За водење на земјоделската политика е надлежно ресорното министертво преку подрачното одделение каде граѓаните може да добијат информации“, истакна Спасески.
 
sednicaОд друга страна Јован Стојаноски, координатор на советничката група, истакна дека тие се секогаш за поддршка на народот,но локалната самоуправа не знае добро да го води сегментот земјоделие.  Доколу ЛС  преземела добри земјоделски политики денес  одобрените буџетски средства ќе беа искористени за други цели , смета Стојаноски.

„Ние како советници принудно сме доведени во ситуација да гласаме за овие одлуки. Но, она што го покажува Локалната власт е немање слух и знаење како да се управува со  сегментот земјоделско население. Многу пати досега од страна на нашата  советничка група е истакнувано вокои правци да се води правовремена заштита и грижи за д ане дојде до штети“,кажа Стојаноски од името на советничката група на СДСМ.

Советникот Дејан Блажески лоцира уште еден проблем во врска со исплаќањето на надоместоците за штети од  различни елементарни непогоди.

„Во принцип овој Елаборат, ДПМНЕ не ги исплаќа навреме средствата од централната власт , а ние како локаленн Совет немаме ингеренции, а доцни се“, истакна Блажески.   

На седницата беше изнесен податокот  дека Владата од 2010 година до сега исплатила суми за обештетување на граѓаните од различни видови  елементарни непогоди почнувајќи од  пожари, град и поплави  со исклучок на штетите настанати од полавите во 2010 година како и дел од пожарите случени во 2015 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top