Охридските пратеници откриваат кои ќе се нивните заложби во Парламентот

Лидија Петкоска, Жаклина Лазаревска, Кирил Пецаков и Лазе Таневски се кандидатите за пратеници од Охрид на кои наскоро ќе им бидат верификувани мандатите во новиот парламентарен состав. За ТВМ идните пратеници зборуваат за тоа како ги отценуваат изборните резултати и кои ќе бидат нивните заложби во Законодавниот дом.

 |  Валентина Неловска  | 

Според официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија во новиот парламентарен состав Охрид и охриѓани ќе бидат застапувани од четворица пратеници. Во 5ИЕ коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ обезбеди 8 пратенички мандати , исто толку пратеници ќе има СДСМ со Колаициајта Можеме, ДУИ 3, Алијанса за Албанците и Алтернатива 1 пратеник. На листите на двете најголеми политички партии во оваа изборна единица по двајца кандидати се од Охрид. Во новиот парламент наскоро ќе им бидат верификувани мандатите на Лидија Петкоска и Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски од СДСМ.
Идните пратеници за ТВМ кажуваат како ги отценуваат изборните резултати.

„Резултатите се тие какви што се. Целта на овие избори според мене , а верувам граѓаните ќе се согласат со мене, беше што побрзо да профункционираат институциите и што побрзо да се зафатиме со справување со здравствената криза што ни се случува“, вели Лидија Петкоска , пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

„Им честитам на граѓаните на високата свест, за мирните, достоинствени и демократски избори.
Резултатите покажаа дека граѓаните гледаат кон иднината , да живеат во Европа и ја прифатија програмата МОЖЕМЕ“,кажа Жаклина Лазаревска, пратеник до СДСМ.

 

„Со реорганизирањето кое што го направивме во изминатите три години како ОК се покажа како правилно, народот ја даде својата поддршка. Задоволни сме од изборниот резултат “, напоменува Кирил Пецаков, пратеник од Вмро Дпмне.

Лазе Таневски поради обврски не успеа да даде изјава во оваа прилика. Неговите колеги едногласни дека во идниот состав на Законодавниот дом ќе бидат конструктивни и максимално ќе се вложат за просперитет на државата и на Охрид и охриѓани.

„Мојата цел ќе биде да ја пренесам сета енергија која што ја примив од граѓаните , она што тие го побараа од мене како нивен претставник .Има доста проблеми кои мора веднаш да се решаваат , така што со моето пристапување во парламентот граѓаните ќе си ги препознаат сите нивни прашања и ќе се борам да ги добијат бараните одговори кои што ги заслужуваат сите оние кои што не поддржаа и веруваа во обновата на Македонија но и за сите оние кои што мислеа дека сите сме исти, убедена сум дека ќе ги увериме во фактот дека не сме сите исти и дека има луѓе кои навистина се грижат и за нивното здравје и за нивниот просперитет“, кажува Лидија Петкоска, пратеник од Вмро Дпмне.

Моите заложби за Охрид и охриѓани, исто како и во првиот мандат , ќе бидат да охриѓани и градот добијат што поголемо внимание од централната власт. Во минатиот состав знаеме дека му се помогна на Охрид и со отплата на дел од долгот и со преземање на колекторот , кои беа моите први прашања што ги поставив како пратеник. Сметам дека механизмот пратенички прашања ќе го искористувам во интерес на граѓаните охриѓани или групи граѓани, ќе се заложам за добро образование, мотивирани наставници и професори , за здравство кое што гледаме дека покажува резултати, јавното здравство, ќе се залагам Охрид да го добие вистинското место на мапата на Македонија“, подвлекува Жаклина Лазаревска, пратеник од Сдсм.

„Јас уште како дел од советот на Општина Охрид кажав дека сите оние работи кои што се за доброто на Охрид и охриѓани ќе бидат поддржани од опозицијата во Советот и тоа го направивме како политичка партија за многу клучни работи поврзани со локалната самоуправа и таквото делување ќе продолжи. Делувањето од позиција на централна власт или од позиција на членови на Собранието во новиот пратенички состав секако дека ќе биде во насока на подобрување на условите за живот и борбата за подобар град и подобро утре на секој еден охриѓанец секако дека ќе го направиме“, вели Кирил Пецаков, пратеник од Вмро Дпмне. 

Од Охрид граѓаните испраќаат во Скопје родово сензитивна екипа свои претставници, со подеднаква застапеност на мажи и жени. Инаку, од кандидатите за пратеници кои влегоа во новиот собраниски состав, 79 се пратеници мажи, а 41 пратеници жени што занчи дека повторно во Парламентот ќе доминираат мажите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top