Пчеларите подарија здрава храна како знак на благодарност на лекарите кои се на првата борбена линија во борбата против корона вирусот. Со иницијативата на пчелaрите се одбележува Свeтскиoт ден на здравствените работници 7 април.
Стотина тегли со мед и пчелни производи донираа од здружението на пчелари на ЈЗУ Општа болница Охрид. Охридските пчелари со овој гест подарувајќи им здрава храна им искажаа благодарност на здравствените работници кои се грижат за здравјето на граѓаните во борбата со корона вирусот бидејќи тие се на првата борбена линија, информира Тони Јосифоски од здружението на пчелари Охрид. Тие што се вклучија донираа несебино кој кило кој две мед и прополис, а прозиводите ќе бидат доставени до инфективното одделение, додава Јосифоски.
„Пчелните производи се здрава храна, која е произведена од природата со помош на пчелите. Се работи за здрави производи кои ќе ги козумираат здравствените работници во моментов и другите конзументи“.
Ваков гест на благодарност направија пчеларите од повеќе градови во државава. Иницијативата на охридските пчелари беше прифатена од здруженијата на пчелари од Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Кочани, Крушево, Струмица, Македонска Каменица , навројува Јосифоски.
„Инцијативата е прифатена и дел од здруженијата кои ги споменав веќе донирале во нивните здравствени установи пчелни прозиводи“, велИ Јосифоски.
Хуманитарното донирање здрава храна ќе продолжи, посочува Тони Јосифоски , претседател на охридското здружение на пчелари и ги повикува и останатите негови колеги кои овој пат не се приклучија на хуманиот гест да се приклучат во наредниот период.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град