Охридските мали компании пасивни за учество на јавните набавки

 Охридските мали компании пасивни за учество на јавните набавки.

 |  Валентина Неловска  | 
проект
проект

Охридските мали компании пасивни кон  можноста да ја подобрат својата бизнис клима кога станува збор за учество на  јавни набавки. Ова се покажа на денешната бесплатна обука на  проектот „Пристап на микропретпријатијата до јавни набавки“,  каде што нити една  бизнис компанија немаше свои претставници.  Идејата на организаторите, меѓу кои еден од носителите на проектот е и Центарот за граѓански комуникации, беше да ги запознаат малите компании со можностите кои им се нудат  за успешно да учествуваат во јавните набавки.  Идејата е да им помогнеме  на фирмите да учествуваат на тендери за да ги заживееме локалните економии и луѓето да не се отселуваат, вели Герман Филков рак на проектот „Пристап на микропретпријатијата до јавни набавки“.  
компании
„ Тоа се најранливите категорија претпријатија,  луѓе со 1-2 вработени, најчесто е  семеен бизнис , кој што се од витално значење за локаната економија. Во јавните набавки учествуваат големите фирми , а микропретпријатијата во државата се 95 посто од сите прептрпијатија , но во јавните набавки нивното учество не е соодветно.“

Филков за досегашното искуство со малите компании во Охрид напоменува дека не се доволно информирани за можностите на пазарот за јавни набавки. Дел од нив сметаат  дека постапката е многу сложена, други пак се откажуваат  од различни причини, вели Филков.

герман„ Потенцијал има  јавни набавки во Македонија се близу 1 милјарда евра годишно и микропретпријатијата мора повеќе да настојуваат да земат дел од тој колач“, напоменува Герман.  

На институциите од  интерес им е  да учествуваат што повеќе микропретпријатија на тендерите за да има поголема конкурентност за парите кои се трошат низ јавните набавки за да се купат поквалитетни производи и услуги , укажува Филков.   
Поголем интерес за обуката покажуваат  локалните државни  институции како што се претставници од јавните претпријатија, училиштата, болниците  градинката.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top