Охридските градинки подготвени ги примија децата

Направена е дезинфекција на просториите, мебелот и играчките. Предшколските групи се проширени со деца, а е ангажиран доволен број на воспитувачи и негуватели кои се грижат за нив. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во сите објекти на Јавната општинска установа детска градинка „Јасна Ристеска“ се направени дезинфекциони подготовки и се применуваат пропишаните протоколи за заштита од пандемијатa. Извршена е дезинфекција на просториите, мебелот и играчките. Во моментов на листата на чекање се околу 100 тина дечиња, а градинка посетуваат 870 деца во групи со зголемен број на деца, информира Мери Рилкова, директорка на ЈДУ Јасна Ристеска. 

Од нула до 2 години остана бројот од 15 деца, а од 2 до 6 години се зголеми бројката од 20 на 25 деца. Продолжен престој нефункционира од 6 до 10 години според издадените протоколи од министерството преку Комисијата за заразни болести – истакна Рилкова.

Во охридските градинки не функционира втора смена. Нема интерес и доволен број на деца, покажале направените анкети со родителите, а следствено на тоа нема економска исплатливост за организирање на попладневна смена. Неодамна, Јагода Шахпаска министерката за труд и социјална политика, кажа дека во детските градинки низ земјава недостасуваат околу 2000 вработени. Но, општина Охрид е исклучок од таа состојба. 

Сега функционираме со доволно кадар. Иако секогаш се добредојдени поголем број на вработени, но за овој период имаме доволно вработувања – додава Рилкова.

Вработените во градинките кои се грижат за децата се скоро целосно вакцинирани со исклучок на неколку од нив. Тие не можат да се вакцинираат поради здравствени причини, но наскоро се очекува и тие да бидат имунизирани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top