• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските гимназијалци добиваат можност за две годишна стипендија во Британските училишта

Охридските гимназијалци добиваат можност за две годишна стипендија во Британските училишта

Покривањето на школарината го овозможува Фондацијата HMC Project која досега стипендирала 1800 ученици од 14 земји од Југоисточна и Централна Европа. Охридските средношклоци кои ќе ги поминат квалификациите од следната учебна година ќе учат во Англија.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридската гимназија денес беше претставен HMC Projects кој доделува стипендии за средношколци. Учениците на возраст од 15 и 16 години добиваат стипендија за две годишно школувањето во некое од училиштата во Англија. Весна Цветкоска директор на гимназијата Св. Климент Охридски вели дека е добра можност учениците да аплицираат и да ја искористат оваа понуда.

„Секако квалитетот на децата ќе е примарен.Нема да е одлив на млади, она што ни случува  туку да се вратат назад. Има веб страна за услови кои треба да се исполнат и преку интервјуа ако успеат да земат стипендиии за да го продолжат образованието низ училишта во Англија“, вели Цветкоска. 

Покривањето на школарината го овозможува HMC Project која досега стипендирала 1800 ученици од 14 земји од Југоисточна и Централна Европа.

„Од минатата година има 90 стипендии од кои 50 се полни стипендии кои ги покриваат сите трошоци. Децата се сместени во интернати во Британија, а не во семејства“, појаснува професор Џонатан Волстенхолм.

Професор Ана Вилворд напоменува дека фондацијата HMC Project од 1993 година кога започнала да ги доделува стипендиите на листа се 14 земји и посакуваат и Македонија да биде во земјите од Балканот.

„Предност за аплицирање е образовниот систем во Британија. Тој е поинаков од системот на Балкан. Децата во Бртианија имаат 4 предмети ако одат на А левал за разлика од овде каде децата имаат 15 предмети. Децата кои се позитивно заинтересирани, кои сакаат предзивици, спортуваат или се бават со музика или ако сакаат да видат како се движи светот од другата страна се добредојдени да аплицират за стипендија“, повикува Вилворд.

Можноста за двогодишна школарина која ја дава фондацијата HMC Project може да ја искористат охридските средношколци од Св. Климент Охридски и од скопската гимназија Орце Николов. Апликациите ќе се поднесуваат до крајот на ноември во Орце Николов и таму ќе се врши изборот на кандидатите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top