Охридскиот совет не ја поништи постапката заЈПП за јавното осветување

Охридскиот совет не ја поништи постапката заЈПП за јавното осветување

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските советници  имаа бурна дискусија за јавното осветлување во Охрид. Одлучуваа за поништување на одлуката за јавно приватно партнерсвто  за јавно освтелување за која беше избрана чешка компанија ИЦС.  Градоначалникот пред советниците ги изнесе аргументите со кои побара од советниците да ја поништат претходната одлука доенсена пред само еден месец.

sovetnici „Нашата тенденција и цел е зошто бараме поништување на постапката е со евентуална повторена постапка  добиеме поголем процент на финансиски средства кој најповолниот понудувач би ни ги оставил од вкупната сума на комуналната такса. Секојм денар е драгоцен во сегашната неповолна финансиска  состојба“, кажа Бакрачески.

Образложението на градончалникот  не го прифатија советниците од опозициониот блок за кој сметат дека не е сериозен пред граѓаните на Охрид и побара од градоначланикот и советниците да признаат дека направиле грешка кога ја изгласале претходната одлука. Реагираа на информацијата дека со инспекциоски увид  општината утврдила дека уличното осветлување е многу подобро за разлика од минатите години  и дека секој денар повеќе е добредојден за празната општинска каса.  Ваквото  тврдење презивика жолчна расправа од страна на советниците кои подвлекоа дека на  претходното гласање биле против јавното осветлување да се дава на приватно јавно партнерство. Јован Стојаноски од СДСМ во своите дискусии потсети на нивните претходни ставови. Стравува дека поништувањето на одлуката ќе има финансиски реперкусии врз општината доколку партнерот од чешка бара пенали за раскинување на договорот. Стојаноски  побара одговор како е неправен инспекциоскиот увид со кој по еден месец  се увидело дека состојбата со уличнот осветлување и  не е така лоша..
         
sovetnici„ Да ни биде доставен инспекцискиот увид кои лица ја конастирале систуацијата и кои се квалитативните параметри што е доволно осветлување,“рече Стојаноски.  

Јоне Станкоски од ВМРО НП кажа дека ќе гласа за поништување на одлуката доколку се прифати амандманот со кој  општината сама ќе стопанисува со  јавно осветлување затоа што според Станкоски има доволно пари од сретдавата за комуналан такса за таа намена.

Дејан Блажески од ЛДП за поништувањето смета дека домашната математика  на локалната власт не излегле точно на  пазар. За него  аргументите на градоначалникот се смешни.

„ Не убедувате дека нема доволно пари, а како може да му одговара на приватниот партнер, а не на општината“, праша Блажески.

Климент Шешоски од Вмро  Дпмне смета дека не гледа погрешна одлука доколу се поништи претходно донесената  одлука.

„ Ако може да се добие и да се земе пооглем процент зошто да не го сториме тоа“, подвлече Шешеоски.  

Советниците по бурните дискусии  сепак не ја поништија постапката за јавното приватно партнерство за градското осветлување, еден советник против, 7 воздржани и 11 мина гласаа за.  Чешката компанија ИЦС системи од Карлови Вари останува да го  модернизира јавното осветлување во Охрид.  Компанијата треба  да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување со кој ќе стопанисуваше 15 години а на локалната самоуправа требаше да и исплаќа околу 220 илјади евра годишно .

{loadposition content9}

.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top