Охридскиот ресторан Далга се најде на странците на светското списание Вог.
Ресторанот Далга се најде на странците на светското списание Вог. Познатито охридски угостител Љупчо Патчев, сопственик на ресторанот Далга е изненаден од написот затоа што не ни знаел дека авторот на текстот бил нивни гостин.
„За нас е пофалба и ми се чини и за градот и за Македонија некој да напише пофални зборови не само за Далга и за Македонија, а мене ме радува што е спомената Далга без да знаеме кој човек дошол. Се гледа дека работиме успешно и ја претставуваме Македонија на еден начин во светот“, вели задоволно познатиот угостител Патчев.
Во написот на Вог, ресторанот Далга се споменува по прекрасната местополжба од каде што се гледаат Петрино и Галичица, а може да се вкусат макалото и рибните специјалитети. Патчев кажува дека странците за разлика од домашните гости го обожаваат макалото, а тоа не е таен рецепт туку многу лук и зејтин со сол, подвлекува Патчев. Додава дека е греота и страмота да ја нема пастрмката во охридските ресторани. Ова е проблем во последните 15 години, а пастрмката треба во доволна количина да се врати во понудата на рестораните , вели Патчев.
„Рибата и во турско време беговите ја јаделе само во Охрид. Иако можеле да им ја транспортираат и во Стамбол им велел таа риба е вкусна да се јаде само покрај езеро во Охрид. А ние за жал ако ја јадеме рибата во Скопје е престиж, а во Охрид ќе правиме ќебапчиња, “ вели Патчев.
Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев, вели дека за еден ресторан покрај вкусната храна важна улога има и персоналот. Пречекот и испраќањето на гостите од страна на келнерите е многу важен чин за гостите да се чувствуваат убаво и да дојдат повторно.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град